19.8 C
Скопје

Ангела Меркел најави порестриктивни мерки во Германија во пресрет на Велигден

Германската канцеларка Ангела Меркел утрово соопшти дека Германија ги заострува рестриктивни мерки за борба против коронавирусот во пресрет на Велигден.

Таа соопшти дека досегашните рестрикции ќе бидат продолжени за уште еден месец, но и други строги мерки за време на пет дена додека траат велигденските празници. Во изјавата после маратонската видео средба со 16 гувернери на германските држави рече дека рестрикциите ќе останат во сила до 18 април, појаснувајќи дека причината за тоа се новите варијанти на вирусот.

– Во суштина, имаме нов вирус, изјави вчера германската канцеларка Ангела Меркел. Новата варијанта е многу смртоносна, многу позаразна и заразна е подолго време, објасни Меркел.

Поради тоа, во текот на пет дена, почнувајќи од 1 април, од германското население ќе се бара да остане во своите домови и да ги намали контактите, при што верските служби се откажани, големите семејни собири се забранети, а продавниците се затворени, освен продавниците за храна.

Предводниците на германската католичка и протестантска црква изразија гнев поради забраната за велигденски црковни богослужби, тврдејќи дека нивните постојни мерки за физичко дистанцирање го прават присуството во црквите – безбедно.

Инаку, во Германија стапката на инфекција се зголеми на над 100 лица од 100.000. 

Поврзани вести

Лукаревска: Наша единствена алтернатива е ЕУ

Слободен печат

Пукотница во Старата скопска чаршија

Слободен печат

Филипче од Штип: Покажавме дека за нас зборот е збор, го имаме најдоброто за секоја општина

Слободен печат

Ексцентричен тајкун, креатор на најпознатата антивирусна програма, пронајден мртов неколку часа по одлуката за екстрадиција

Слободен печат

Заев тврди дека не разговарал со Ахмети за промена на знамето, грбот и химната

Слободен печат

Заев за новите проекти: Се воведува еколошка такса, ќе се инвестира во обновливи извори

Слободен печат

Остави Коментар