„Ангел си ти“: Музички настан во Крушево по повод 42. роденден на Тоше Проески

Тоше Проески со малечко девојче на неговиот последен концерт / 5 октомври 2007 / Фото: ROBERT ATANASOVSKI / AFP / Profimedia

Со повеќе настани во Крушево утре ќе бидат одбележани 42 години од раѓањето на големата македонска и балканска музичка ѕвезда Тоше Проески.

Хуманитарната крводарителска акција, во организација на Црвениот крст од Крушево, во Спомен-куќата ќе трае од 9 до 16 часот. Во 10.30 е посетата на вечното почивалите на Тоше на Гумење, а од 11 часот е изложбата на дела на уметницата Марија Бојкоска од ликовната школа „Тоциновски” од Скопје.

Во спомен-куќата „Тодор Проески“ ќе бидат промовирани делата од 26. Керамичка колонија од Велес. За 42. роденден на Тоше ќе бидат промовирани и 42 маички печатени со победнички мотив.

Напладне е сценско-музичкиот настан насловен „Ангел си ти”. Музички рефрени од Тоше ќе изведат Андријана Јаневска и Бојан Стојков во придружба на „Џез сценарио” од Битола, во аранжман на професорот по пијано и диригирање Вангел Мажески.

Крај вечното почивалиште на Тоше Проески ќе бидат и неговите обожуватели и приврзаници кои секогаш доаѓаат од земјава и Балканот.

Тоше Проески го загуби животот на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Хрватска. Имаше само 26 години.

Спомен-куќата „Тодор Проески“ ги чува спомените за големата музичка ѕвезда и е најпосетуваниот музеј на овие простори.

Повеќе на темата:

Поминаа 15 години: Најубавите моменти од последниот концерт на Тоше

Разговор со фан-клубот на Тоше Проески: Минаа 15 години од неговата смрт, времето не ги лекува раните

„Соба за тага“ на Тоше крие морничава вистина: Стиховите се напишани од затвореник кој го убил љубовникот на својата сопруга

Видео на денот