Ангел и ѓавол, големиот поет живеел како бездомник, имал безброј жени, волшебни зборови и тажен живот

Судбината на големиот поет Сергеј Есенин, и човечка и поетска, е единствена во руската, па и во светската литература, трагична, трогателна и преполна со скандали, депресии и себеизмачувања. „Ангел и ѓавол, истовремено“, така ќе го нарече неговата фатална љубов, балерината Исидора Данкан, уште на првата средба.

Сергеј Есенин бил роден во 1895 година, во Константиново, во сиромашно семејство, како трето дете на Александар Никитич и Татјана Фјодоровна. Кога имал само две години, неговите родители се разделиле, па воспитувањето на малиот Сергеј го презел дедо му. Златокосото палаво селско момченце брзо со своите лирски строфи го освоил Петроград, каде што заминал во март 1915 година, а тука ја затекнал и Октомвриската револуција.

С.А. Есенин с сестрами Катей и Шурой. 1912 год.

Publiée par Sergei Yesenin (Esenin) sur Jeudi 13 novembre 2014

Името на поетот и книгите во тогашниот СССР биле забранувани цели три децении, до средината на 50-те години, но неговата популарност меѓу рускиот народ била огромна. Кога не биле отпечатени, неговите песни биле препишувани и делени од рака во рака.

Младоста на Есенин ја носела судбината на селско момче што дошло во град, со куфер и песните како единствен имот, освен огромната желба да успее. И на само 20 години веќе зад себе имал дузина денес антологиски песни.

Животот на Есенин бил тежок и драматичен. Живеел единствено од хонорарите за своите песни и останал бездомник, никогаш немал ни своја соба. „Пријателите го опиваа со вино, а жените му ја пиеја крвта“, ќе запише неговиот пријател Максим Горки. Дури во поново време е откриено дека бил постојано следен и прислушуван од тајната полиција, па не е чудо што пред смртта самиот запалил голем дел од своите ракописи. До денес со сигурност не се знае дали самоволно се обесил или бил принуден на тоа.

Каков што бил бурен животот на Есенин такви биле и неговите љубови. Жените отсекогаш го сакале, со неговите стихови им ги маѓепсувал срцата. И тој занесен од женската убавина , често им посветувал песни. Според едни биографи се оженил дури пет пати, според други, се женел три пати. Првиот пат на 18 години со Ана Изрјадновна, соработничка во издавачката куќа во Москва каде што тој бил писар, со која имал син, Јуриј.

Во 1917 година, Сергеј се оженил по втор пат, овојпат со Зинаида Рајх (подоцна жена на славниот режисер Мејерхолд) и со неа имал две деца, Татјана и Константин. Бракот бил прилично боемски и набргу се разделиле.

Во 1921 година ја запознал балерината Исидора Данкан, која била 17 години постара од него. На 2 мај 1922 година стапиле во брак и заедно патувале низ Европа. Фаталната љубов била полна со скандали, живот во сиромаштија, страст, разделувања, смирувања и повредувања. По овој развод се верува дека Есенин се оженил уште еднаш, со поетесата Надежда Волпина, со која имал син, но за кој нема никогаш да дознае. Александар Есенин–Волпин подоцна станал познат поет во емиграција. И овој брак завршил несреќно, а Есенин по петти пат се оженил со внуката на Лав Толстој, Софија Андреевна Толстоја, која се обидувала да го извлече од пијанствата и депресиите, но неуспешно.

Sergei Yesenin, Isadora Duncan.

Publiée par Sergei Yesenin (Esenin) sur Dimanche 17 août 2008

По доживеаниот нервен слом, Есенин го сместиле во болница каде што ги напишал и своите последни песни, кои личат на исповед на еден безмалку мртов човек.

Велат дека, сепак, од сите жени, на Есенин најмногу му значела мајка му, и кога му било најтешко, секогаш кај неа се враќал.

Yesenin and Isadora.

Publiée par Sergei Yesenin (Esenin) sur Dimanche 17 août 2008

Од тешко исплатуваните хонорари, пак, од кои едвај се издржувал, одвојувал дел за да и помогне на сестра му. А Исидора Данкан останала до крајот на животот негова непреболена љубов. Онаму каде што често престојувале со Исидора, во хотелот Англетер во Петроград, Сергеј Есенин сам и крајно осамен во истата соба со број 5,  си ги пресекол вените. Таа вечер меѓу 26 и 27 декември немајќи мастило при рака со крв ја испишал последната песна „До гледање, пријателе“.

На 27 декември му ја предал песната на својот пријател, поетот Ерлих, кој наместо да ја прочита веднаш, ја става во џебот. Вечерта меѓу 27 и 28 декември по втор пат си ги пресекол вените во истата соба, откако налудничаво тропал по сите хотелски врати, веројатно барајќи помош, но никој не му одговорил. Откако не успеал ни по вториот обид да умре, со јажето со кое го врзувал куферот за да не се распадне, се заврзал околу вратот обесувајќи се на цевката од парното.

Погребен е во Москва на 30 декември 1925 година, а една година подоцна на неговиот гроб извршила самоубиство Галина Бениславскаја, една од девојките со која бил во врска во последната година од неговиот живот.

Видео на денот