Ангажирани нови „драгонки“, најавен тест со ПАОК

Како што и најавија од клубот, ангажирани се ново летни засилувања во пресрет на новата натпреварувачка сезона 2019/20.

Нови фудбалерки на ЖФК Драгон се Елена Панеска, Драгана Гегова, Стефани Петреска, Пале Николовска и Марија Белистојаноска.

Шампионот исто така го најави и првиот пријателски натпревар в недела на 21 јули против екипата на ПАОК во Грција.

Со еден подмладен состав, фудбалерките напорно тренираат со цел да се вклопи екипата и што подобро се спремаат како за квалификациите за ЛШ, така и за сезоната која следи во Првата женска фудбалска лига.

Потсетување дека капитенот и тренерот на екипата, Драгана Костова даде изјава за „Слободен печат“ после ждрепката за квалификациите во Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот