Анет Келерман, прва жена која облекла костим за капење: Сирена од милион долари

Анет Фото: Profimedia

Револуционерната пливачка, глумица и писателка, позната по борбата за женски права, во 1907 година наместо во долг фустан се појавила во јавност во костим за капење, поради што завршила зад решетки.

Австралиската пливачка, подоцна и глумица и писателка, Анет Келерман, ќе остане запаметена како прва жена која облекла во јавност едноделен костим за капење што сама го дизајнирала. Секако, тоа ја шокирало јавноста и завршила во затвор. До таа 1907 година вообичаено било жените да одат на плажа со долги фустани или со панталони во комбинација со кратки фустанчиња, а и пливачките се натпреварувале во фустани.

facebook

Примерот на Келерман бил со воодушевување прифатен од голем број жени, па таа почнала да произведува едноделни костими за капење, кои веднаш станале многу популарни.

Анет Келерман била родена во Сиднеј, Австралија, во 1886 година, а на шестгодишна возраст ѝ била дијагностицирана детска парализа со која атрофираат мускулите на нозете. Морала да носи челични патерици за да го олесни одењето. Нејзиниот лекар ја советувал да плива за да ги стимулира мускулите. На 15 години, иако и понатаму се лекувала, станала шампион во 100 метри слободен стил. Како средношколка била ангажирана во голем аквариум да игра улога на сирена, па така почнала и да нурка. На 17-годишна возраст со нуркање ја преминала Темза во должина од 27 километри.

facebook

Калермен е позната и како прва жена која се обидела да го преплива Ла Манш, на 24 август 1905 година, но после три обиди не успеала во тоа и изјавила: „Имав издржливост, но немав груба сила“. Таа „груба сила“ се однесувала на тоа што, за разлика од мажите кои пливале во костим, морала да плива во тежок фустан што ги покрива рацете и нозете. Истата година (1905 г.) се родила и Гертруда Едерле, првата жена, која дваесет и една година по обидот на Келерман ќе успее да го преплива Ла Манш.

facebook

Келерман помогнала во популаризирање на пливањето како спорт меѓу жените и го иницирала синхронизираното пливање. Била авторка на првиот прирачник за пливање.

Нејзината популарност и убавина ја однеле до филмското платно. Се појавила во неколку филмови, а била и прва актерска ѕвезда што се појавила „гола“ во холивудска продукција, во 1916 година. Всушност, во една сцена градите ѝ биле покриени со нејзината долга коса, што предизвикало скандал.

profimedia
facebook

Застапувала здрав живот, фитнес и природна убавина. Нејзиниот живот во 1952 година станал предмет на легендарниот биографски филм „Сирената од милион долари“, во кој ја глумела Естер Вилијамс, исто така професионална пливачка, а потоа и филмска ѕвезда. Поради славата на филмот, Вилијамс целиот живот ќе го носи прекарот Сирената од милион долари, кој е всушност прекар на Келерман.

Нејзиниот живот во 1952 година станал предмет на легендарниот биографски филм „Сирената од милион долари“ во кој ја глумела Естер Вилијамс. Поради славата на филмот, Вилијамс целиот живот ќе го носи прекарот сирената од милион долари, кој е всушност прекар на Келерман. profimedia

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот