6 C
Скопје

Анестезиолозите објаснуваат: Зошто некои пациенти се седум, а некои 30 дена на респиратор

Пациентот се отстранува од механичка вентилација кога белите дробови можат сами да ја преземат функцијата, кога пациентот не се заморува и фреквенцијата на срцето му е нормална.

Сѐ повеќе млади, но и деца се заразени со ковид-19. Повозрасните и натаму внимаваат, а помладите се изложени на овој втор бран или пик, вели директорот на Центарот за анестезиологија при Клиничкиот центар на Србија, д-р Небојша Лаѓевиќ.

Тој објаснува и како изгледа лекувањето на пациенти заболени од ковид-19 со потешка клиничка слика, односно на оние на кои им е потребен респиратор.

„Тешката клиничка слика подразбира дека состојбата на пациентот е толку влошена, така што тој не може повеќе нормално да дише со своите бели дробови и да обезбеди доволна количина кислород во организмот.“

Прочитајте и...  Три рецепти од Рената Трајчевска: Брависима!

Тогаш состојбата станува критична и неопходно е да се примени некој вид на механичка вентилација, вели д-р Лаѓевиќ.

„Мора да помогнеме. Понекогаш во прашање се секунди кога во болница ќе пристигне пациент во тешка состојба. Видови на механичка вентилација може да бидат и зголемен проток на кислород, „high flow“, неинвазивна вентилација или интубација и самиот респиратор, односно како што ние тоа го нарекуваме стручно – вентилатор. Ние, пред сè, мора да го доведеме заздравувањето на белите дробови до таков степен така што ќе можат тие самите да ја преземат функцијата и, без помош на апаратот, да остваруваат доволна количина кислород во крвта“, вели д-р Лаѓевиќ и појаснува:

„Тоа значи, по тргнувањето од респираторот, пациентот да не се заморува, фреквенцијата на срцето да е нормална, да не чувствува гушење – едноставно да го доведеме до излекување кога белите дробови ќе можат да ја преземат самостојната функција. Тогаш постепено пациентот го одвојуваме од механичката вентилација и конечно го вадиме од распиратор кога ќе ја задоволи пeрифирената сатурација со кислород на собен воздух од 21 отсто“, вели д-р Лаѓевиќ.

Прочитајте и...  Дневен хороскоп за 17 април: Вашиот оптимизам ќе ви отвори многу можности

Според неговите зборови, респираторот ќе помогне сигурно да се испорачуваат доволни количини кислород.

– Но, тоа не зависи само од болестите на белите дробови, туку од сите органи. Ковид-19 е, сепак, мултиорганска болест, што ги зафаќа другите органи, го оптоварува работењето на срцето, бубрезите и хематолошкиот систем. Колку долго пациентот останува на респиратор зависи од сериозноста, тежината на болеста. Кај некого за седум дена успеваме да го решиме тој проблем, особено ако пациентот дошол навреме. Кај потешките форми, каде што се развива т.н. цитокинска бура и доаѓа до силен имунолошки одговор на белите дробови, имаме пациенти кои 30 дена биле на респиратор, па потоа успешно закрепнале – заклучил д-р Лаѓевиќ.

Прочитајте и...  Бугарската фрустрација и светскиот долг од пет кила компири

Д-р Лаѓевиќ објаснува дека дали престојот на респиратор ќе ги оштети белите дробови не зависи од респираторот, туку од основната болест:

– Оваа болест може да помине на таков начин, а да не остави последици на белите дробови, но ние гледаме последици како што е фиброза, така што постојат некои трајни последици во намалувањето на капацитетот на белите дробови и на нивната работа.

Поврзани вести

Вељко Ражнатовиќ со моќна порака му го честиташе роденденот на Аркан, Инстаграм му ја избриша

Слободен печат

Славниот модел се огласи на социјалните мрежи еден месец откако го роди својот син

Слободен Печат

Северина по 17 години проговори за секс-снимката од јахтата

Слободен Печат

Подгорица ја повикува ЕУ напомош за една милијарда долари кинески кредит

Валери Хопкинс/Financial Times

Турболентниот живот на Канје Вест: Сѐ уште чувствува вина за смртта на неговата мајка

Слободен Печат

ВИДЕО| Ана Николиќ позираше топлес: Нејзините обожаватели се прашуваат за што станува збор

Слободен Печат

Остави Коментар