Ане­ми­ја­та по­бе­де­те ја со цвек­ло

цвекло
Unsplash

Не­за­вис­но од тоа за ка­ков здрав­ствен проб­лем ста­ну­ва збор, со­кот до­би­ен од ва­ре­ње или це­де­ње на цвек­лото, ќе ви по­мог­не во по­доб­ру­ва­ње­то на здрав­стве­на­та сос­тојба

Ре­дов­но­то вне­су­ва­ње цвек­ло во ор­га­низ­мот по­зи­тив­но вли­јае врз за­јак­ну­ва­ње на иму­ни­те­тот, но и врз ре­ге­не­ри­ра­ње­то на си­те ор­гани.

Пок­рај тоа, мно­гу по­ма­га и во де­ток­си­ка­ци­ја на те­ло­то ка­ко и на про­чис­ту­ва­ње­то на крвта, го шти­ти ср­це­то и крв­ни­те са­дови, го чу­ва мо­зо­кот, ја об­но­ву­ва црев­на­та флора…

Се­пак, иа­ко не­ма чо­век што до­се­га не слуш­нал или не про­чи­тал за мно­гу­те здрав­стве­ни при­до­бив­ки што ги до­би­ва се­кој што ре­дов­но ја вне­су­ва оваа ис­клу­чи­тел­но здра­ва на­мир­ни­ца во те­лото, чес­то­па­ти ова рас­те­ние се избег­ну­ва по­ра­ди ин­тен­зив­на­та бо­ја што ја ос­та­ва на рацете, а ко­ја по­доц­на мно­гу теш­ко се от­стра­нува.

Се­пак, и за тоа по­стои ре­ше­ние. Са­ла­та­та од цвек­ло се­ко­гаш под­гот­ву­вај­те ја со ра­ка­вици, а нај­ле­сен на­чин да ги вне­се­те си­те хран­ли­ви сос­тој­ки во ор­га­низ­мот без при­тоа да нап­ра­ви­те не­ред во куј­на­та и да ја обо­и­те ко­жа­та е до­кол­ку си нап­ра­ви­те сок од цвекло.

Ток­му ед­на ча­ша сок од цвек­ло на ден ќе би­де со­се­ма до­вол­но за ком­плет­но ре­ге­не­ри­ра­ње на ор­га­низ­мот.

По­доб­ре­те ја крв­на­та слика

Ане­ми­ја­та знае да би­де упорна, осо­бе­но кај же­ни­те би­деј­ќи мен­стру­ал­ни­от цик­лус по­ма­га во „ис­фрлање“ на зна­чи­тел­но ко­ли­чес­тво крв од те­лото.

Из­ба­лан­си­ра­на­та ис­хра­на и вне­сот на ми­не­рали, ви­та­ми­ни и дру­ги есенци­јал­ни нут­ри­ти­ен­ти е ис­клу­чи­тел­но важ­на за нор­мал­но фун­кци­о­ни­ра­ње на те­лото. Ане­ми­ја­та но­си мно­гу не­га­тив­ни по­след­ици, a се­кој што е ане­ми­чен чув­ству­ва де­ка е исцрпен, не­рас­по­ло­жен, из­мо­рен, има вртог­ла­вица, на­ма­лен крвен при­ти­сок, гла­во­болка, отеж­на­то ди­шење…

Ток­му за да се на­ма­лат овие сим­птоми, а крв­та да се до­ве­де до сов­ршен­ство, пот­реб­но е да се пие сок од цвекло.

За­јак­не­те го иму­ни­те­тот

Цвек­ло­то ис­то та­ка е бо­га­то со ви­та­мин Ц, ка­ко и ви­та­ми­ни од гру­па­та Б и Е, по­ра­ди што се вбро­ју­ва во еден од нај­здра­ви­те пло­до­ви ко­га е иму­ни­те­тот во пра­шање. Цвек­ло­то врши де­ток­си­ка­ци­ја на це­ло­то тело, ги от­стра­ну­ва на­та­ло­же­ни­те от­ро­ви и го за­јак­ну­ва те­лото. Лу­ѓе­то што ре­дов­но ја­дат цвек­ло и пи­јат сок нап­ра­вен од него, мно­гу рет­ко стра­да­ат од нас­тин­ка и грип.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот