Ањели: Фудбалот ќе загуби околу 8.5 милијарди евра

Андреа Ањели е за промени во европскиот фудбал/Фото: EPA-EFE/Juan Carlos Hidalgo

Претседателот на Јувентус и на Унијата на европски клубови, Андреа Ањели, изнесе црни прогнози околу очекуваната загуба на целата фудбалска индустрија поради пандемијата на коронавирусот.

– Времето во кое живееме е време на големи предизвици, не само кога станува збор за фудбалската индустрија туку и за целото општество. Направивме голема работа со тоа што ја завршивме минатата сезона, но сè уште не сме во позиција да разбереме што не очекува, но тоа можеше да се насети во преодните рокови. Оваа година потрошивме 2.6 милијарди евра помалку во одност на истиот период пред пандемијата. Кога ги гледам најоптимистичките прогнози, доаѓам до заклучок дека фудбалската индустрија ќе има загуби помеѓу шест и 8.5 милијарди евра – рече Ањели.

Според првиот човек на „старата дама“, потребно е веднаш да се направи долгорочна стратегија и да се вратат навивачите на трибините.
– Мораме да имаме визија што ќе правиме во наредните 10, 15 или 25 години. Мораме да бидиме како ќе одиме напред бидејќи овој фудбал во време на пандемија на коронавирус не е одржлив на долги патеки. Малку луѓе имаат трпение да бидат крај ТВ екраните за време на целиот натпревар – додава Ањели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот