Анџелина Џоли: Почит за храбрите, пркосни, бестрашни жени на Иран

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Позната оскаровка и хуманитарка Анџелина Џоли преку социјалните мрежи ја искажа поддршката на протестите кои траат во Иран по смртта на 22-годишната Махса Амини.

За потсетување, Амини почина на 16-ти септември во Иран откако ја привела државната полиција за морал по наводно кршење на правилата за облекување. Веднаш по нејзината смрт избија протести, а во немирите кои сè уште се во тек и се одвиваат и ширум Европа, бројни жени во нивен знак ги палеле хиџабите и ги сечеле косите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Angelina Jolie (@angelinajolie)

Актерката на својот инстаграм – профил споделила неколку фотографии направени на улиците на Иран, подигнувајќи ја свеста за моменталната ситуација на Блискиот Исток.

„Почит за храбрите, пркосни, бестрашни жени на Иран. Сите оние кои преживеале и се спротивставувале со децении, сите оние кои денес излегуваат на улица, Махса Амини и на сите млади Иранки како неа“ – стои во описот на објацата на Џоли.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Angelina Jolie (@angelinajolie)

Оскаровката продолжува со нејзината долга објава:

„На жените не им треба надзор над нивниот морал, преедуцирање на нивните умови или контролирање на нивните тела. Потребна им е слобода да живеат и да дишат без насилство и закани“, заклучила 47-годишната актерка.

На својот профил, Џоли накратко објаснила за конфликтот кој се случува во земјата и напишала дека протестите во Иран се одржуваат 12-та ноќ по ред, а започнале како одговор на смртта на 22-годишната девојка.

„Од почетокот на протестите, интервентната полиција ги нападнала демонстрантите користејќи брутална сила, а наводно се убиени повеќе од 70 луѓе“, додала славната актерка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот