Анџелина Џоли ја заврши правната битка против ФБИ, која ги отфрли тврдењата дека Бред Пит ја малтретирал во приватен авион

Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

По двегодишна правна битка, американската актерка Анџелина Џоли се откажа од тужбата против ФБИ поради истрагата за наводниот инцидент и тврдењата дека поранешниот сопруг Бред Пит ја малтретирал во приватен авион, пишува „Пејџ сикс“.

Џоли поднесе барање за повлекување на тужбата на 25 септември, според судските документи до кои дојде „Пејџ сикс“.

Двете страни ќе бидат одговорни за плаќање на нивните правни такси.

Според судските документи, Џоли барала информации поврзани со истрагата на ФБИ за наводна расправија со Пит во приватен авион во кој биле вклучени нивните деца во 2016 година.

Истрагата беше затворена на 22 ноември 2016 година, без обвинение против Пит (60).

Џоли поднесе барање за развод од актерот неколку дена подоцна.

Џоли поднела тужба против ФБИ под псевдонимот „Џејн До“ во април 2022 година.

Повикувајќи се на Законот за слобода на информации, актерката побарала информации „за истрагата на Агенцијата за инцидент со семејно насилство што се случил пред неколку години во кој како жртви и сведоци биле вклучени нејзините малолетни деца“.

Неименуван извор изјави за „Пејџ сикс“ дека тужбата е стратешки потег на Џоли за да добие компромитирачки информации што ги има ФБИ за Пит, за да ги искористи против него во битката за старателство над нивните шест деца.

„Анџелина веројатно бара информации кои може да ги искористи против Бред, за да го повреди“, вели инсајдерот.

Во посебна тужба, Џоли тврдеше дека Пит „давел едно дете, а друго го удрил во лицето“ за време на расправија во авионот додека семејството патувало од Франција до Калифорнија со приватен авион. Таа изјавила и дека актерот „ја фатил за глава“ и ја „треснал“.

Пит жестоко негираше дека извршил каква било физичка злоупотреба, нарекувајќи ги тврдењата на неговата поранешна сопруга „целосно невистинити“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот