Анџелина Џоли / Фото: Faye Sadou/MPI / Capital pictures / Profimedia

Анџелина Џоли ја отвори душата и откри болна семејна приказна поврзана со нејзината мајка

Анџелина Џоли се појави на меѓународниот филмски фестивал во Санта Барбара каде што ја доби наградата „Modern Master“, а во таа прилика разговараше за својата повеќедецениска кариера со филмскиот критичар Леонард Малтин.

„Размислувам колку ќе споделам сега“, започна Џоли кога Малтин ја праша што ѝ значело да го добие Оскарот за најдобра споредна женска улога во 2000 година за филмот „Прекината младост“.

Таа се присети дека ги гледала Оскарите во 1979 година кога нејзиниот татко Џон Војт ја добил наградата за најдобар актер за филмот „Враќање дома“. Војт се разделил со Маршелин Бертранд, мајката на Анџелина и нејзиниот брат Џејмс Хевен, во 1976 година, а разводот бил финализиран во 1980 година.

„Мајка ми беше дома со две мали деца“, објасни Џоли. „Сонот на мајка ми беше да стане актерка. Верувам дека и сонот на баба ми беше да стане актерка, па веројатно затоа често ја носеше мајка ми во театарот во Чикаго“.

Се присети и како нејзината мајка, која почина во 2007 година на 56-годишна возраст, ѝ раскажала како го гледале Војт на телевизија за време на шоуто за доделување награди.

„Таа беше во своите дваесетти, бидејќи ме родила многу млада. Беше разведена од многу познат сопруг, беше дома со нејзините деца во станот и го гледаше како добива Оскар со друга жена.“

Придружничка на Војт на Оскарите во 1979 година, таа „друга жена“, била актерката Стејси Пикрен.

„Тоа беше само дел од нашата семејна историја“, рече Џоли. „Се сеќавам дека размислував дека таа беше тука за мене и за мојот брат и тоа беше изборот што таа го направи. Како се чувствуваше таа вечер – тоа никогаш нема да го заборавам“.

Затоа, кога дојде редот Џоли да добие Оскар, таа помислила на нејзината мајка: „Да го имам тој момент, да се симнам од сцената и да ѝ се јавам и да ѝ кажам „Твој е“ – и ѝ го дадов – тоа е еден од најдобрите моменти во мојот живот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот