Анџелина Џоли и Бред Пит се во „војна“ веќе шест години: Таа нема да се откаже додека не пораснат децата

анџелина џоли
Бред Пит и Анџелина Џоли / Фото: EPA-EFE

Совршен пример дека по љубовна разделба не е воопшто лесно да останете во добар и пријателски однос со веќе поранешниот партнер се Анџелина Џоли и Бред Пит. Ниту за доброто на децата, поранешните сопружници не успеваат да ги смират страстите и да го остават зад себе пропаднатиот брак. Извори блиски до поранешниот пар тврдат дека Џоли е главниот виновник за тоа.

Анџелина Џоли и Бред Пит/ Фото: EPA/IAN LANGSDON

Иако никогаш јавно не проговорија за причините за нивниот развод, и денес, шест години по поднесувањето на документите за развод, Анџелина Џоли и Бред Пит немаат „нормален“ однос, ниту пак е решено прашањето за старателството над нивните шест деца. Според добро упатени извори, кои за разлика од главните актери на оваа грда приказна, не успеаа да се воздржат од коментари во медиумите, најголем виновник за ваквата ситуација по разводот е Анџелина.

„Се чини дека Анџелина е категорична дека Бред никогаш не треба да добие 50/50 старателство“, изјави за „The Post“ извор запознаен со правната битка. „Има некои кои велат дека таа нема да престане додека тие деца не пораснат, па Бред никогаш нема да има заедничко старателство“, додава изворот.

Бред Пит
Бред Пит / Фото: EPA-EFE/DAVID SWANSON

Нивната старателска битка трае веќе шест години, а се чини дека не се гледа разрешницата. На секои неколку месеци на површина излегува нов конфликт кој, ако им се верува на упатените извори, најчесто го започнува актерката. Последен во низата скандали меѓу некогаш омилениот холивудски пар беше продажбата на дел од имотот во Франција.

„Анџелина постојано го напаѓа Бред. И таа намерно го продаде својот спорен дел од нивното лозје на купувач за кој знаеше дека тој не го сака“, изјави пријател на Пит.

анџелина џоли бред пит вино
Анџелина Џоли и Бред Пит / Фото: EPA-EFE

Токму поради тоа Пит покренал уште една тужба, која сепак ја добила неговата сопруга. Во правните документи во јуни, Бред тврдеше дека Џоли намерно „сакала да му наштети“ продавајќи го својот дел од „Шато Миравал“ на рускиот бизнисмен Јури Шефлер, основачот на „Stoli“.

Пит рече дека одамна се договориле дека никогаш нема да го продадат својот дел од имотот без дозвола на другиот. Тој исто така побара судење пред порота.

„Тоа е негово бебе, тој е многу горд на тоа и целиот приход од работата го инвестираше во лозјата и студијата Миравал“, откри познат пријател на Пит, истакнувајќи дека имотот на лозјето Коренс во Франција има и студио за снимање.

Profimedia
Фото: Profimedia

Неодамна одекна веста и дека адвокатите на Анџелина испратиле свои луѓе на доделувањето на САГ наградите во февруари, надевајќи се дека ќе го фатат Пит неспремен поставувајќи му прашања за Миравал на гала настанот. Но, тој тогаш не беше присутен. Наводно, тоа е уште еден пример за обидот на Џоли да создаде јавна драма за да ја влоши целата ситуација.

Наводно, токму Џоли ја поднела и тужбата против ФБИ под лажно име. Во таа тужба, поднесена од анонимната Џејн До, се тврдеше дека истражниот орган на обвинителката не ѝ дозволил пристап до записите поврзани со истражните наводи дека пред неколку години „тогашниот сопруг физички и вербално ги нападнал сопругата и нивните деца додека патувале со приватен авион“. Сите знаат дека се работи за актерот Бред Пит и нивниот син Медокс, со кој оттогаш имаат нарушен однос.

анџелина џоли мeдокс
Анџелина и Медокс / Фото: Profimedia

Постои и ограничување на средбите на другите деца со таткото. Пријателите на Пит откриваат дека тој ги гледа децата, но не толку колку што би сакал и дека тоа не е ни блиску до заедничко старателство.

Пред судот во Калифорнија во мај 2021 година да одлучи дека поранешните сопружници ќе го делат старателството 50/50, што подоцна беше поништено и целиот случај беше започнат одново, правниот тим на Анџелина, наводно, направил сè за детскиот психолог да утврди дека Бред не е во состојба да се грижи за децата.

epa-efe
Анџелина Џоли / Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Психологот Стен Катц, кој разговарал со малолетните деца на Џоли-Пит за случајот со старателството, во моментов е под некривична истрага од канцеларијата на јавниот обвинител во Калифорнија, според поднесок доставен од Врховниот суд на Калифорнија.

„Сè е во мирување. Минатата година беше многу турбулентна. На Бред му беше доделено 50/50 старателство по долга, детална судска одлука. Тогаш апелациониот суд ја укина одлуката врз основа на нешто што нема никаква врска со суштината на случајот. Тоа беше внатрешен спор меѓу судии и приватни судии во Калифорнија, кој не е поврзан со договорот за старателство. Тоа беше технички аспект. Не е јасно како стојат работите во моментов“, откри „Page Six“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот