Андрофлори фемофлор – уникатни тестови за детекција на дисбиоза и микрофлора на урогенитален тракт

„Биотек лабораторија“ е најсовремена специјалистичка лабораторија, која прва и единствена во нашата земја воведе тест за детекција на дисбиоза и микрофлора на урогенитален тракт кај жени и мажи.

Болестите на машкиот генитален тракт се водечка причина за нарушување на репродуктивната функција кај мажите. Ова го дефинира нивното социјално и економско значење, особено имајќи го предвид тековното намалување на наталитетот. Со оглед на клиничкото и социјалното значење на заболувањата на машкиот генитален тракт, лесната клиничка слика и асимптоматскиот клинички тек може да доведат до сериозни компликации кога е во прашање машкото здравје.

„Биотек лабораторија“ е единствена лабораторија која изработува уникатен тест – Androflor за детекција на микрофлора на урогенитален тракт кај мажи.

Зошто да го направите Androflor тестот и кои се неговите предности?

– Androflor тестот е високо сензитивен молекуларен тест што се изведува на принцип Multiplex Real-time PCR метод, кој нуди можност за скрининг и квантитативна детекција на урогенитална микрофлора и сексуално преносливи патогени кај мажите. Со Androflor тестот за кратко време доаѓаме до точна, брза и прецизна дијагностика. Значителна предност на Androflor тестот е што примерокот може да го земеме од првата утринска урина (не е морален брис од уретра).
Androflor тестот е наменет за сите мажи кај кои има појава на симптоми од типот на:

– пецкање, чешање, генитален исцедок, чувство на непријатност, болка во гениталиите, нарушување во мокрењето;

– Пред уролошка интервенција;

– При подготовка за ИВФ (ин витро фертилизација) постапка.

Покрај Androflor тестот, „Биотек лабораторија“ врши детекција на дисбиоза и микрофлора на урогенитален тракт кај жени со уште еден уникатен тест познат како Femoflor.

Femoflor тестот претставува тест со многу висока сензитивност и специфичност, кој се изведува со Multiplex Real Time PCR метод.

За кого е наменет Femoflor тестот?

Femoflor тестот е наменет за сите жени што се грижат за своето здравје, посебно жени со симптоматологија од типот:

– печење, чешање, зголемен вагинален секрет (со непријатна миризба)

– при подготовка за ин витро фертилизација и лекување на стерилитет

– при бременост и гинеколошки интервенции

Femoflor нуди избор на два молекуларни теста:

– Femoflor-Screen тест: Претставува единствен конфирматорен тест за скрининг и квантитативна детекција на нормална, опортунистичка и патогена микрофлора кај жените.

– Femoflor тест: Претставува единствен молекуларен тест за скрининг и докажување на дисбиоза и опортунистичка микрофлора кај жените.

Зошто да му се верува на Femoflor тестот?

– Femoflor тестот е единствен молекуларен тест, патент на ДНА-технологијата, која за овој тест се здоби со националната медицинска награда, eдна од најпрестижните меѓународни награди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот