Андријана Јаневска ќе ја претставува Македонија во проект за Гинисов рекорд

Фото: Инстаграм

Андријана Јаневска на нејзиниот фејсбук-профил објави дека ќе биде дел од проект за Гинисова книга на рекорди, во кој изведувачи од целиот свет ќе се обидат да го срушат рекордот за песна со најмногу пејачи.

Песната ќе се вика „One Human“.

„Чест ми е да Ви соопштам дека ќе ја претставувам Македонија во проект за Гинисовата книга на рекорди! Станува збор за песна со најмногу пејачи на светот со наслов „One Human“ чиј автор е американскиот композитор и продуцент Graham Czach. Мој единствен услов за учество беше да пишува дека ја претставувам Република Македонија. Денес го потпишав договорот и следната седмица ќе ја снимам песната.“

 

Интервју со Андријана Јаневска: Чест ми е да ја претставувам Македонија во ваков светски проект

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот