Андриј Шевченко ќе му биде тренер на Пандев во Џенова

Андриј Шевченко не ги дава потребните резултати со Џенова во Серија А/фото: EPA-EFE/Ettore Ferrari

Поранешниот голгетер на Милан и доскорешен селектор на репрезентацијата на Украина, Андриј Шевченко треба да биде новиот тренер на Џенова за која настапува и поранешниот капитен на македонската репрезентација, Горан Пандев.

Џенова вчера едвај успеа да извлече бод на гостувањето кај Емполи играјќи 2:2 и остана на претпоследното место на табелата во Серија А, а според италијанските медиуми, деновите на актуелниот тренер Давиде Балардини му се избројани и прашање на време е кога ќе добие отказ.

Според италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио, нов тренер на Џенова ќе биде Андриј Шевченко кој неодамна си замина од клупата на селекцијата на Италија.

Шевченко остави длабока трага во Италија играјќи за Милан во време кога „росонерите“ беа во врвот на европскиот фудбал (1999-2006), а потоа играше и во сезоната 2008/2009.

Единствено тренерско искуство на Шевченко му беше на клупата на репрезентацијата на Украина на која седеше се до август годинава. Шевченко со репрезентацијата на Украина играше и на Евро 2020 и во рамки на групата Ц беше подобар од Македонија со 2:1.

Се очекува Шевченко дебито на клупата на Џенова да го има по репрезентативната пауза, и на 21 ноември прв протитвник треба да му биде Рома.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот