Андовова во ист клуб како и Барди

Најдобрата македонска фудбалерка, Наташа Андонова во следната сезона ќе настапува во истиот клуб во кој веќе член е Енис Барди, Леванте.

Андонова, минатата сезона настапуваше за екипата на Барселона и успеа да стигне до финалето на Лигата на шампионите каде загуби од Олимпик Лион.

Освен Леванте кој беше најконкретен во понудата, во трката за потписот со капитенот на македонската женска репрезентација беше и уште еден шпански фудбалски гигант, Атлетико Мадрид.

Екипата на Леванте го освои третото место ланската сезона во шпанското првенство, зад шампионот Атлетико Мадрид и вицепрвакот Барселона.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот