Андов за Слободен печат: Промена на химната е предизборен маркетинг, и тоа не е приоритет

Поранешниот претседател на Собранието, Стојан Андов во изјава за „Слободен печат“ вели дека идејата на Али Ахмети за промена на државните симболи е подготовка за локалните избори, бејдејќи, според него, ДУИ нема да биде прва партија меѓу Албанците и нуди некои работи кои се минати.

– Тоа во моментов не е приоритет. Сега приоритет ни е да ги завршиме работите што ни се дадени од ЕУ. На тоа треба да се концентрира и самиот Ахмети, но не го гледам тука да е многу загреан за оваа работа. Во едно мирно време кога ќе ги наредиме поважните работи може да се разговара за химната. Нашата химна е едиствена која спомнува лица, тоа не се практикува во химните на европските земји. Во нивните химни се обраќаат на Бога, да речеме британската химна му се обраќа на Бог или кралот и кралицата. Но тоа не се прашања кои сега треба да ги разговараме, ние треба сега да ги решаваме сите проблеми кои сме ги прифатиле како обврска. Да се открие организираниот криминал, криминалот на високи слоеви на политичари и тн. Треба да се концентрираме на такви работи. Ова е да се тргне вниманието од она што е суштинско, и ајде ќе разговараме за химната – вели Андов за „Слободен печат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот