Андоновски: ВМРО-ДПМНЕ продолжува со протестите утре пред МНР во 17 часот

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција најави дека од утре ќе продолжат со протестите кои ќе почнат во 17 часот пред објектот на Министерството за надворешни работи во Скопје. 

– На седницата на Извршниот комитет кој се одржа вчера во Битола, донесена е одлука за продолжување на протестите за спречување на националниот срам кој и се подготвува на Македонија од страна на Зоран Заев и неговите соработници. Заев е таткото на спорот со Бугарија. Иако ја убедуваше македонската јавност дека со потпишувањето на спорниот договор повеќе немаме отворени прашања со соседите, очигледно е дека се отворија нови и досега неоспорувани теми. Република Македонија е блокирана. Протестите продолжуваат затоа што Заев и Бујар Османи кријат за што се преговара и што се’ се подготвени да прифатат од бугарската декларација. Го повикуваме министерот Османи да го покаже документот. Ако не се задира во македонскиот јазик, идентитет и историја, тогаш зошто Заев и Османи го кријат овој документ? Се додека на тајни преговори се подриваат македонските национални интереси, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да протестира заедно со граѓаните на Република Македонија. Протестите продолжуваат утре од 17 часот пред МНР во Скопје – рече Андоновски.

Тој се заблагодари на македонската јавност на трпеливоста во метежите на улиците и додаде дека „треба сите да разбереме дека ова е наша национална борба за спречување на разградувањето на македонската нација“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот