Андоновски: Наградите се важни за нас коишто пишуваме на т.н мали јазици, креативноста нуди разни форми на слобода

Петар Андоновски, со својот роман „Страв од Варвари“, во издание на „Или-Или“ е добитник на Европската награда за литература.

Тој е автор и на делата „Ментален простор“ (поезија, 2008), „Очи со боја на чевли“ (роман, 2013, три изданија), „Телото во кое треба да се живее“ (роман, 2015, три  изданија).

-Наградите нема да не направат подобри писатели, но дефинитивно ќе не направат повидливи. Тие отвараат врати. Важни се за нас коишто пишуваме на т.н мали јазици. Самата европска награда со себе носи голем број на преводи, а за самиот писател тоа носи и голем број на читатели. Ова е успех за сите нас. Мене лично многу убаво ми дојде тој месец дена кога бев во самоизолација. Се посветив на новиот роман кој го пишувам, така што јас не ни почуствував дека сум затворен или дека слободата ми е ограничена. Креативноста нуди разни форми на слобода, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ писателот Петар Андоновски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот