Андоновски: Мојот сон е да играм за нашата најдобра репрезентација

фото: kfsm.mk

Иако имаше странски понуди, како добар дел од своите репрезентативни соиграчи од генерацијата 2002, високото крило се одлучи за „домашната варијанта“.

Доколку некој ја искористи својата шанса, и со неполни 18 години, да биде прволигашки играч, тоа во оваа сезона го направи Андреј Андоновски.

Иако имаше понуди, како добар дел од своите репрезентативни соиграчи од генерацијата 2002, да замине и да заигра во некоја земја надвор од Македонија, високото крило се одлучи за онаа „домашна варијанта“.

Да биде дел од вториот тим на МЗТ Скопје Аеродром, кој се избори за шанса за настап во елитната македонска конкуренција, и во „премиерната“ прволигашка сезона да запише навистина добри бројки.

Како младински репрезентативец на Македонија од свои 14 години, мој најголем сон од секогаш бил да сум дел од сениорскиот тим на репрезентацијата на Македонија. Доколку во блиска иднина добијам повик за учество во репрезентацијата, тоа ќе биде само потврда на моето секојдневно работење и усовршување. Сепак сеуште сум доста приземен во врска со ова прашање, и се трудам што помалку да размислувам на оваа тема. Но, доколку некогаш ја добијам честа да ги бранам националните бои во сениорска конкуренција, сигурен сум дека ќе го оставам срцето на терен како и до сега.

Бидејќи сум млад играч сите врати и опции сеуште ми се отворени. Досегашните понуди за странство не бев спремен да ги прифатам и задоволен сум од својата одлука. Во последната сезона одиграв добри натпревари во Првата лига, и мислам дека младите играчи како мене можат многу да напредуваат и во Македонија – се зборовите на Андоновски за официјалниот сајт на македонската кошаркарска федерација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот