Андоновски: Како директор на УБК немав пристап до системот за прислушкување

Гоце Митровски вработен како главен инспектор во криминалистичката полиција при МВР, сведок во денешниот процес на случајот „Таргет-Тврдина” на денешното рочиште рече дека до СЈО имал поднесено барање да биде известен дали некој од неговите телефонски броеви биле незаконски прислушувани.

– Шест мобилни броеви и домашниот број ми биле прислушкувани. Еден број што бил прислушкуван бил на мојот малолетен син, а другите беа на моите родители – рече сведокот Митровски.

Сведокот Трајче Арсов од Велес, по професија адвокат истакна дека откако јавно беше кажано дека голем број на телефонски разговори биле прислушкувани, до СЈО поднел барање за да дознае дали неговиот мобилен број кој го користел и за службени цели бил прислушкуван.

– Добив позитивен одговор. Штетата која ми е нанесена како адвокат кој има контакти со клиенти е многу голема. Се чувствувам оштетен и побарувам отштета – рече Арсов.

УБК прислушкувала професори, бизнисмени, разузнавачи…

Пензионерот Ламбе Бучков пак во својот исказ рече дека од 2008 до 2015 година бил началник во МВР.

– Знаев дека бев прислушкуван и следен и затоа до СЈО поднесов барање дали сум бил прислушкуван. Се чувствувам оштетен. Не сум прислушкуван по наредба на Јанкулоска, туку таа ингеренциите ги имаше пренесено на директорот за Државна безбедност. Налог за мое прислушкување има потпишано и Митко Чавков. Јас сум бил прислушкуван до 2016 година – рече Бучков.

Поранешниот директор на УБК Љубчо Андоновски исто така сведочеше во денешната постапка во денешната.

– Од 2008 до 2015 година бев началник на УБК-Скопје, а сум бил и директор на Управата. По барање на обвинители на СЈО само еднаш сум бил во третата зграда на МВР каде беше сместена опремата за прислушкување. Со Горан Грујевски долги години сме работеле заедно. Како директор, не сум имал корисничко име ниту пристап до системот за прислушкување – рече Андоновски.

Обвинети во овој предмет се поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и неколку вработени во поранешната УБК кои се обвинети за нелегално прислушување на над четири илјади телефонски броеви во периодот меѓу 2008 и 2015 година.Судскиот процес го води судијата Џенета Бегтовиќ, додека обвинението е застапено од обвинителите Трајче Пеливанов и Ленче Ристовска.

Судењето по предметот „Таргет-тврдина” е започнато на 22 декември 2017 година и се наоѓа во фаза на доказна постапка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот