Андоновски и САД обезбедија четвртфинале на женскиот фудбалски турнир во Токио

Фото: EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

Македонскиот тренер Влатко Андоновски кој е селектор на женската фудбалска репрезентација на САД обезбеди пласман во четвртфиналето на Олимписките игри во Токио.

Во последното трето коло во групата „Г“ Американките ремизираа без голови (0:0) со Австралија, но и покрај ваквиот исход на крајот го освоија второто место зад Швеѓанките кои ја завршија групната фаза со три максимални победи.

За пласман во полуфиналето САД ќе игра против првопласираната селекција од групата „Ф“, таму после две кола првопласирани се Холаѓанките со четири бодови, колку и Бразилките, а по еден Кина и Замбија.

Во последните мечеви Холандија игра со Кина, а Бразил ја има фаворитската улога на мечот со Замбија.

И Велика Британија се промовираше како четвртфиналист од групата „Е“, има две победи, а Канада е второпласирана со четири бодови. Следува Јапонија со еден бод, пред Чилеанките кои имаат два порази.

Британките ќе играат во последното трето коло против Канада, а Чиле со домаќинот Јапонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот