Андоновски и фудбалерите на САД ќе се борат за медал

EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

Женската фудбалска репрезентација на САД, која од клупата ја предводи Влатко Андоновски обезбеди пласман во полуфиналето на фудбалскиот турнир откако по подобро изведување на пенали ја совлада Холандија. Натпреварот во регуларниот дел заврши 2:2, а истиот резултат беше и по продолженијата, по што победникот мораше да биде одличен во пенал рулетот.

Холанѓанките поведоа во 18. минута Миедема, но до крајот на првиот дел избраничките на Андоновски направија пресврт, прво Мевис погоди 28. Минута за изрманување, а ри минути подоцна Вилијамс носи водство за САД.
Холанѓанките повторно преку Миедема  во 54. минута дојдоа до израмнување, а во финишот Мертенс во 81 минута не го реализира пеналот.
Во пенал рулетот, вистинска хероина беше голманката на САД, Нахер која одбрани два пенали на Холанѓанките, на Миедема и на Ноевен и ја однесе својата репрезентација во полуфиналето каде ќе игра против Канада која исто така во пенал рулетот беше подобра од Бразил.
Во второто полуфинале ќе играат Шведска и Австралија кои беа поуспешни од Јапонија со 3:1, односно од Велика Британија со 4:3.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот