Андоновски: Европскиот фудбал реагираше како обединето семејство, oдржуваме контакти со македонските фудбалери во странство

УЕФА нема одредено датум за натпреварот со Македонија – Косово, но многу од претпоставките се дека тој ќе се одигра во ноември. КОВИД-19 и неговото спречување сега за сега е приоритет број 1, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, Златко Андоновски портпарол на ФФМ.

Македонскиот фудбал исто како и во другите земји во светот е суспендиран поради кризата со коронавирусот.

-Европскиот фудбал реагираше како обединето семејство. На 17 март се зазеде став сите натпреварувања да се завршат согласно регулативите. Убедени сме дека во наредните месеци фудбалот ќе започне одново, под услови што ги диктираат јавните власти. И македонскиот фудбал е суспендиран на неодредено време слично како и останатите земји во светот, рече Андоноски.

Тој рече дека одржуваат контакт со македонските фудбалери кои се во странство.

-Во деновиве кои се пред нас ги анализираме мерките на владата и начинот на кој што таа се обидува да им помогне на спортските организации во државава и следните чекори се солидарно однесување, зачувување на здравјето и опстојување на спортот воопшто.

Одржуваме контакти со македонските фудбалери кои играат во странство. Сите се во домашен карантин, се однесуваат одговорно и кон себе и околината и со позитивна мисла се надеваат дека ова ќе трае уште кратко и ќе се вратат на своите обврски, додаде Андоновски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот