Андоновиќ: Вучиќ засега успешно игра на Косово, но во Белград се соочува со невидени протести

Фото Слободен печат

Голем митинг на опозиција-5-по ред се одржа во саботата на улиците на Белград, кој точно на еден месец по трагедијата во училиштето „Владислав Рибникар“ насобра неколку илјади граѓани кои протестираат и бараат оставка од Вучиќ.

Практично, незадоволството на граѓаните кои бараат Србија да биде без насилство, од барањата за оставки на министри, смени во регулаторните тела и пред сè укинување на ријалити програмите, полека почна да артикулира барање за оставка на актуелниот претседател Вучиќ. Слабата и недоволно сплотена опозиција, се обидува да го искористи незадоволството и енергијата која се создаде меѓу народот и така да го урнат Вучиќ од власт.

Вучиќ повеќе пати понуди распишување на избори но опозицијата одбива бидејќи, како што вели, нема шанси да го победи корумпираниот систем создаден од Александар Вучиќ.

Во исто време се случува и тензија на Косово. Таму косовските Срби протестираат и бараат од косовските власти да ја повлечат специјалната полиција Росу, и единствена вооружена формација да биде мисијата на КФОР.

Изминатото период во судир со косовската полиција, беа повредени неколку десетици војници на КФОР но и СРБИ кај кои имаше случаи и на прострелни рани од оружје.

Одбивањето на Курти да формира заедница на СЗО, одржување на нови избори, како и употребата на косовската полиција, го конфронтираше западот кој сега му дава поголема поддршка на однесувањето на Вучиќ на Косово, наспроти на Курти.

Се поставува прашањето кој стои зад протестите во Белград а кој зад Косово?

Логиката вели дека Вучиќ има благо свртување кон Брисел и Вашингтон на штета на односите со Москва. Тоа може да се протолкува низ случувањата на Косово, каде најголемиот косовски сојузник Вашингтон воведе санкции кон Приштина и ја поддржа политиката на Србија.

Тогаш, кој го руши Вучиќ внатре низ уличните протести во Белград. Начинот реториката и однесувањето наликува на таканаречената Шарена Револуција, а таа е западна а не источна творба.

Тогаш се поставува прашањето зошто западот би го рушел оној чија политика во моментов и оди во корист, особено во новата конфронтација со Москва?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот