ВИДЕО | Андоновиќ: Путин ќе биде сменет при пораз во војната, а Пригожин ако ја изгуби битката за Бахмут

Обработка на податоци/ Слободен печат

Рускиот претседател Владимир Путин би можел да биде сменет од власт доколку Русија биде поразена во војната против Украина, тврди Борис Бондарев, поранешен руски дипломат.

Кога ја започна инвазијата, Кремљ веруваше дека ќе го освои украинскиот главен град Киев за само неколку дена. Но, повеќе од една година подоцна, крајот на војната не е на повидок.

Бондарев за „Њузвик“ коментира како Путин би можел да реагира ако Русија ја загуби војната.

„Путин може да биде заменет, тој не е суперхерој и нема никакви супермоќи. Тој е обичен диктатор“, рече Бондарев, кој ја напушти работата како специјалист за контрола на оружјето во руската дипломатска мисија во Женева во мај 2022 година и е единствениот руски дипломат кој јавно поднесе оставка поради војната.

„Ако погледнеме низ историјата, ќе видиме дека такви диктатори се соборени од време на време. „Ако ја изгубат војната и не можат да ги задоволат потребите на оние кои ја поддржуваат, тогаш обично заминуваат“, додаде тој.

Бондарев смета дека ако Русите сфатат дека војната е изгубена, а Путин нема што да им понуди во замена, ќе има „разочарување и несогласување“.

„Можеби тие мислат дека повеќе не им треба Путин“, додаде Бондарев, истакнувајќи дека Путин може да се обиде да претстави какви било мали придобивки како да победил во Украина.

Тој наведува дека ако Путин освои друго село, може да каже дека ги победил Украинците и ја заштитил својата нација и да ги обвини Украина и западот што не се подготвени да преговараат. „Доколку му се дозволи на Путин да го направи тоа, може да каже дека победил и ќе се обиде да го продаде на својата публика како победа.

Овој дипломат очигледно алудира на настаните околу Бахмут и трапавоста на руските сили да го освојат градот. Имено Бахмут стана нов „Сталинград“ односно битка да се биде или не. Иако првично да се биде или не, Бахмут се повеќе станува синоним за политички игри далеку зад линиите на фронтот. Се погласни се споредбите дека, ако се земе во предвид дека Украина и западот ја трошат Русија во Бахмут пружајќи силен отпор, Москва како да го троши Пригожин и неговата Вагнер платеничка војска.

Откако ги критикуваше руските регуларни сили нарекувајќи ги неспособни генералите на регуларната армија, Пригожин нескриено пројави политички амбиции.

Тоа значи дека, доколку падне Бахмут, Пригожин би требало да стане херој и да ги преземе политичките поени кои пак би биле во функција на неговата политичка моќ во Москва. Оттаму и шпекулациите дека можеби Кремљ и Путин веќе одлучиле да го пуштат низ вода Пригожин а многумина од балканските аналитичари ја споредуваат улогата на Пригожин во украинската војна, со онаа на добро познатиот лидер на српските паравоени формации во времето на југословенските војни Жељко Ражњатовиќ Аркан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот