Андоновиќ: Жестоки судири, нови убиства – САД се соочуваат со најмaсовните протести во својата историја (ВИДЕО)

Вашингтон, САД / 02 јуни 2020 / Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Дванаесетти ден траат протестите во САД поради убиството на афроамериканецот Џорџ Флојд. Медиумите јавуваат дека протестите повторно поминуваат со инциденти а повторно е регистрирана полициска бруталност, жестоки судири на демонстрантите и полицијата, како и дивеење на уличните банди и хулиганите кои оваа анархија ја користат за пресметки и грабежи. Овие протести изминативе денови го принудија Трамп да се скрие во спецјалниот бункер , што го става во историјата како прв претседател на САД кој, по 131 година, односно од 1889 се засолнил стравувајки за својата безбедност. Исто така изминативе денови беше распоредена и националната гарда која, според последната одлука на Трамп добила наредба да се повлече. Ова се најмасовните демонстрации во историјата на САД.

Убиството на Флојд предизвика и голема расна поделеност во САД, и барање на граѓаните за промени. Особен проблем претставува и позицијата и имиџот на Трамп кој како претседател, според демонстрантите важи за човек со кој не може да се договорат. Неговите ставови и обиди за спроведување на правда, предизвикаа и незадоволство во редовите на неговите поранешни и актуелни воени функционери да се свртат против него.

Најпрво критики дојдоа од поранешниот министер за одбрана и одликуван маринец Џејмс Матис кој ја повика Америка да се обедини во барањето на решението на проблемите заобиколувајки го Трамп, чие владеење го спореди со она на нацистите, во втората светска војна. На критиките се приклучи и поранешниот командант на американските сили во САД генерал Џон Ален кој го критикуваше Трамп дека со држењето на Библијата во рацете ги навредил граѓаните кои се се христијани на религиска основа. Во фронтот против Трамп во средата излезе и министерот за одбрана Марк Еспер кој ги повлече воените сили од Вашингтон и покрај противењето на Трамп. Сето ова укажува дека Трамп се соочува со жестока поделба внатре во редовите на неговата републиканска партија, но и внатре во администрацијата со која раководи. Лош момент особено поради предизборниот период во кој веќе на големо трае борбата за освојување на секој глас.

Поранешниот американски потпрестедател Џозеф Бајден и официјално ја доби номинацијата на демократската партија за изборите во ноември, и повеќе од сигурно ќе ја искористи оваа ситуација, и непопуларноста на Трамп за победа на изборите. Тимот на Бајден сега се фокусира на привлекување на гласовите на афроамериканците, кај кои, со најновите настани Трамп е се понепопуларен. Од друга страна, Трамп се обидува преку соопштување на економските успеси, и пред се намалувањето на невработеноста во САД која изминативе месеци како резултат на пандемијата на коронавирусот се зголеми, да ги доброволи американските граѓани да гласаат за него. Кампањата за престедателските избори во САД полека се засилува, и во наредниот период може да се очекува ескалација на состојбите и обидите за промена на американското општество.

Како прв куриозитет е секако одлуката на градскиот совет на Минеаполис за расформирање на локалниот полициски оддел, што се смета за пресвртна точка во речиси двонеделните национални протести, кои почнаа по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд во овој град на 25 мај.

Девет од 13-те локални советници најавија дека во градот, чија полиција беше обвинета за расизам, ќе биде создаден нов облик на јавна безбедност, одлука на која се спротистави градоначалникот Џејкоб Фреј кој е од редовите на републикланците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот