Андоновиќ: Во Бугарија и Русија протести – Борисов во понеделник на гласање доверба во парламентот (ВИДЕО)

Во Бугарија седми ден по ред траат протестите на приврзаниците на бугарскиот претседател Румен Радев предизвикани од обидот на владата на Бојко Борисов да уапси блиски соработници на претседателот Радев, обвинети за корупција.

Обидот на Борисов да ја злоупотреби својата позиција и преку јавниот обвинител да влезе во претседателскиот кабинет за да собере докази поради осомничените лица предизвика масовен гнев кај приврзаниците на Радев кои во 11 бугарски градови седми ден протестираат барајќи оставка од Бугарската влада. Протестите ги поддржува опозициската Социјалистичка партија, чии гласови во 2016 година го донесоа Радев за претседател. Овие протести ја искористи опозцијата која иницираше Бугарскиот парламент за понеделник да закаже седница на која ќе се гласа за доверба на Борисов и неговиот кабинет.

Во пресрет на парламентарната седница за доверба бугарскиот премиер Борисов изјави дека бугарската влада мора да опстане за да се бори со коронавирусот.

Борисов од кого демонстантите барааат оставка, рече дека нема да го стори тоа, но за да ги смири протестите одлучи да разреши тројца свои министри. Да си замине од функција не размислува ниту државниот јавен обвинител, кого заедно со премиерот, граѓаните го обвинија за корупција поради наредба за апсење на блиски соработници на претседателот Румен Радев, кој подолго време остро го критикуваше Борисов. Доколку во понеделник ја добие довербата Борисов и неговата влада остануваат на функција до март следната година за кога се закажани редовните парламентарни избори.

Протести има и во Русија каде граќаните протестираат против неодамна усвоените уставни измени со кои се предвидува актуелниот престедател Путин да може да ја извршува претседателската функција доживотно.

Руската полиција синоќа уапси повеќе од 100 луѓе откако претходно не им дозволи на незадоволните припадници на опозицијата да одржуваат протести против овие уставни измени.

Протестот се одржа поради уставните измени неодамна усвоени на повеќедневниот референдум со гласови од 78% од гласачите. Измените на Уставот на Русија му овозможија на претседателот Владимир Путин да се кандидира на уште два мандати на чело на државата, така што тој сега може да остане на таа позиција до 2036 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот