Андоновиќ: Уставниот суд го отвара патот за решавање на политичката криза на Косово – Се чека исходот од изборите во Србија

Косовскиот претседател Хашим Тачи ја поздрави одлуката на Уставниот суд со која се потврдува дека има право да го наименува Авдулах Хоти за премиер на Косово. Со оваа одлука полека се надзира крајот на полтичката криза на Косово кое повеќе од два месеци е без влада, откако најголемата партија „Самоопределување“ на мандтатарот Албин Курти го загуби мнозинството во парламантот и беше принудена да даде оставка. Оттогаш и трае политичката криза во Косово.

Вршителот на должност премиер Албин Курти бара спроведување на избори, додека актуелниот претседател Хашим Тачи го предложи Абдулах Хоти од редовите на второрангираната партија да биде мандатор на новата влада. Со ова практично, прворангираната партија Самоопределување ќе биде исклучена од власта и оди во опозиција. Лидерот на Самоопределување најави протести, а вчера околу 2.000 луѓе се собраа во Приштина на „протестна проба“, организирана во од владејачкото движење Самоопределување со повик за одржување на предвремени парламентарни избори.

Најавата за формирање на новата косовска влада без организирање на нови избори, се случува во време кога во регионот доаќа специјалниот пратеник на американскиот престедател Трамп, Ричард Гренел, кој има задача да ги забрза преговорите меќу Косово и Србија за решавање на статусот на поранешна јужна покраина. Гренел ќе го почека исходот од изборите во Србија закажани за 21 јуни, и откако ќе се востановат легетимно избраните политички претставници на Белград , ќе го соопшти датумот на започнување на финалната рунда на разговори околу решавањето на косовскиот статус.

Токму одбивање на американскиот план за решавање на спорот меѓу Белград и Приштина, според аналитичарите, преставува и главната причина за падот на владата и туркањето на Курти и „Самоопределување“ во опозиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот