Андоновиќ: СЗО апелира, државите делумно се отвораат, Србија ја укинува вонредната состојба и оди на избори во јуни

Фото: EPA-EFE/SALVATORE DI NOLFI

И покрај ставот на СЗО дека светот се наоѓа во средиштето на битката со коронавирусот и дека се уште е голем ризикот од пандемијата сè додека не се развие вакцина против него, од денеска голем број европски земји започнаа со укинување на некои од рестриктивните мерки како и карантинот, што беа наметнати поради пандемијата со Ковид-19.

Во повеќето од државите ќе се дозволи граѓаните да ги посетуваат роднините, да се собираат во ограничени групи, да се отворат паркови, но да се држи физичка дистанца меѓу луѓето во нив. Ќе се дозволи враќање на работата во градежништвото и трговијата на големо, а кафулињата, рестораните и баровите ќе можат да продаваат храна дома. Училиштата нема да се отворат до септември. Остануваат ограничувањата за движење од една до друга област. Маските важат за аеродромите и станиците и за јавниот превоз. Обновени се и некои локални патнички летови.

Во соседна Србија претседателот Вучиќ најави дека Вонредната состојба ќе се укине на Ѓурѓовден- 6 мај и дека одложените избори кои беа пролонгирани поради коронавирусот ќе бидат одржани на 14 или 21 јуни. Сепак Вучиќ најави дека одлуката за укинување на вонредната состојба во среда ќе се најде пред пратениците на Народното собрание, а во четврток ќе стапи на сила, со што нема повеќе да има полициски час. Вучиќ кажа дека има два датуми за изборите – 14 или 21 јуни, под услов вонредната состојба да биде укината во четврток.

Првично, парламентарните, покраинските и локалните избори во Србија без закажани за 26 април, но исто како и во Македонија, беа одложени поради коронавирусот.

Во меѓувреме, по 20 дневното отсуство од јавниот и политичкиот живот, севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун се појави во јавноста, демантирајки ги шпекулациите за неговата здравствена состојба и вестите за неговата наводна смрт. Ким се појави на отворањето на една фабрика, така ставајки крај на се погласните шпекулирања дека тој е починат и дека во моментов се бара негов наследник. Веднаш по неговото појавување, севернокорејската армија истрелала неколку проектили врз пункт на јужнокорејската армија до 155 километарската граница за разграничување на двете земји. Не се познати причините за овој ракетен напад, кој е прв од ваков вид од 2017 година

Ова не е прв пат Пјонгјанг да спроведува воена тактика топло-ладно низ 155 километарската граница, која важи за една од најдобро чуваните во светот и на која има распоредени околу 2 милиони на двете страни. Останува нејасно зошто севернокорејската армија испалила проектили кон Јужна Кореја. Демилитаризираната зона е воспоставена во 1953 година по завршувањето на 3 годишната корејска војна меѓу северот и Југот.

Во меѓувреме останува и енигмата и дали Ким бил одсустен од јавниот живот поради сериозна болест или се работи само за маркетиншки трик, со кој се зголемува мистериозноста на овој контроверзен лидер.

Ким Џонг Ун не е прв лидер на Северна Кореја кој исчезна. Слична ситуација се случи во 1986 година кога дедото на Ким Џонг Ун, Ким Ил Сунг беше прогласен за мртов во 1986 година, од страна на еден јапонски новинар. Тој тврдеше дека Ким Ил сунг е убиен во атентат, за неколку часови подоцна тој да ги демантира написите и се појави во јавноста. Овие написи никогаш не беа демантирани.

Идентично исчезнување му се случи и на таткото на Ким Џонг Ун, Ким Џонг Илл. Имено во силната експлозија на една железничка станица на границата си Кина, во 2004 година излегоа гласини дека Ким Џонг Ил е убиен, односно дека експлозијата е всушност атентат. Претходно за него во 2008 година протекоа гласини дека починал од Инфаркт , што експресно беше демантирано. Така да кога тој и официјално почина во во 2011, светот и домашната јавност не беа стопроцентно сигурни се додека севернокорејските државни медиуми не ја објавија веста и не го објавија новоизбраниот севернокорејски лидер Ким Џонг Ун.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му е драго што Ким е добро и што конечно се појавил во јавноста и така ги демантирал шпекулациите за неговата наводна смрт.

Севернокорејскиот лидер се појави во јавноста по 20 дневно отсуство на отварањето на една фабрика, но во светската јавност остана енигма за причината за неговото исчезнување, како и за неговата здравствена состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот