Андоновиќ: Светот обединет во последиците од коронавирусот, но разeдинет во пристапот на запирањето на ширењето на пандемијата

Светската здравствена организација предупреди дека има речиси експоненцијална прогресија на пандемијата предизвикана од новиот коронавирус, што ќе го зголеми за повеќе од двојно бројот на смртните случаи во светот.

Досега официјално се регистрирани 936.000 заболени а починаа повеќе од 47.000 лица.

СЗО се загрижени од брзата ескалација и ширењето на заразата во светот, бидејки бројот на смртни случаи е зголемен за повеќе од двојно во текот на изминатата недела. Се очекува во наредните денови бројката да достигне над еден милион заразени и 50.000 смртни случаи, сметаат во СЗО.

Покрај Италија и Шпанија кои продолжуваат да бележат над 600 починати за едно деноноќие, кон овој неславен биланс се приклучи и Велика Британија во која за само еден ден починаа повеќе од 500 лица. Висока бројка на починати во последниве 24 часа има и во Франција 509, и Турција 66 починати.

Дневните информации околу последиците на коронавирусот укажуваат дека Европа и пред се развиените и моќни држави се соочуваат со голем број на починати и инфицирани и дека коронавирусот засега сеуште не запира. Тоа експоненцијално ширење на болеста укажува дека мерките кои биле преземени досега не даваат резултат во запирањето на ширењето на коронавирусот. Од друга страна земјите од регионот, според бројот на починатите и заразените од Ковид -19 засега со линеарен пораст на починати и новозаразени. Се претпоставува дека мерките кои биле преземени, засега успеваат да го успорат ширењето на вирусот.

Но, парадоксот да биде поголем, токму тие мерки се критикувани од страна на бројните европски институции кои оценуваат дека балканските држави презеле чекори кои наликуваат на полудиктатура

Европската комисија констатираше дела Владите на одредени држави низ примената на воведување на вонредна состојба и полициски час,всушност носат закони со кои сериозно се нарушуваат демократските придобивки и човековите права.

Критиката се однесува на мерките како што се времетраењето на полицискиот час, вонредната состојба и начинот на нејзиното прогласување, како и централизираното медиумско информирање околу состојбата со пандемијата.

Србија е критикувана поради строгите мерки преземени од владата, како и заканувачките најави на српскиот претседател Вучиќ дека ќе воведе 24 часовен карантин за граѓаните доколку тие не се однесуваат во склад со досегашните мерки. Црна Гора е критувана заради затворските казни кои се предвидени за граѓаните доколку повеќе од двајца се возат во своите автомобили, а Словенија е критикувана поради нејзиниот закон за задолжително носење на заштитни маски за лице и покрај препораките на светските здравствени власти. Во критиките се споменува и мерката на властите на БиХ кои вовеле 24 часовна забрана за лицата постари од 65 години а не предвиделе како овие лица, во склад со мерките, ќе се снабдуваат со основните потреби.

Сите овие критики упатени кон земјите од регионот засега остануваат во сенка на растечкиот удар на коронавирусот. Но, полудиктатура или не, барем засега мерките кои се преземени даваат подобри резултати од оние демократски мерки воведени во западните држави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот