Андоновиќ: Србите во Влада која не ја поддржуваат- задолжителен воен рок во Косово и тужба за геноцид

Белград, анализира Андоновиќ, ова го оцени како неприфатливо и нереално коментирајки дека никаде во светот не се видело ,,Џелатот да ја тужи жртватата, алудирајки на тоа дека Србите, а не Албанците биле жртви на протерување.

По 4 месеци колициони натегања Косово вчера ја избра новата Влада . Албин Курти е избран за нов премиер на Косово, за оваа тема во емисијата „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ анализира новинарот Дејан Андоновиќ.

-Собранието на Косово го изгласа со мнозинство гласови, лидерот на Движењето Самоопределување, Албин Курти за нов премиер и го усвои неговиот предлог за состав на новата Влада на Косово. Предлогот на Курти беше усвоен со 66 гласа „за”, десет „воздржани” и без ниту еден глас „против” во 120-членото Собрание на Косово. Пред самиот чин на гласање, собраниската сала ја напуштија пратениците на опозициските партии на Албанците, Демократската партија на Косово, Алијансата за иднината на Косово и Социјалдемократската иницијатива, а воздржани беа десетте пратеници на најголемата партија на косовските Срби, Српската листа. Но се чини дека премиерското експозе на Курти ги разбранува негативните коментари на Белград, откако најави дека Косово пред меќународните судови ќе покрене тужба против Србија за геноцид врз албанците- анализира новинарот Андоновиќ во „Утрински брифинг“.

Белград, анализира Андоновиќ, ова го оцени како неприфатливо и нереално коментирајки дека никаде во светот не се видело ,,Џелатот да ја тужи жртватата, алудирајки на тоа дека Србите, а не Албанците биле жртви на протерување.

-Дополнително заострување на реториката уследи откако Курти во своето експозе најави воведување ма задолжително служење на воен рок во новата косовска армија. Во плановите на новата влада во Приштина е предвидено служење на тримесечен воен рок за сите кооовски граѓани од 18 години, што Белград го доживува како подготвување на Приштина за војна. Особен проблем во оваа одлука, е што во задолжителниот воен рок се опфатени и Србите кои живеат на Косово што е неприфатливо за Белград, кој косовската армија ја смета за нелегална- вели Андоновиќ.

Српската влада оцени дека со оваа одлука се кржи резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации 1244 која предвидува дека единствена вооружена воена сила на Косово се мисијата КФОР.

-Останува нејасно и идното делување на Српската листа, политичка партија која ги претсавува србите на Косово , а која е под директно управување од Белград. Српската листа вчера не ја подржа новата влада на Курти но најави дека ќе усетвува во косовските иснтитуции. Во владиниот кабиенет на Курти предвидени се две ресорни министретсва за србите за регионален развој и за за заедница и враќање, па останува нејасно како ќе бидат пополнети овие две места од партијата која не ја подржува владата. Сето ова укажува дека новата косовска влада во наредниот период ја очекува турбулентен период со многу предизвици меќу кои и враќањето на преговарачката маса со Белград, како и условувањето за укинувањето на таските за српски производи во замена за принзавање на независноста од страна на Белград- анлизира Андоновиќ.

Тензиите и реториката доплнително ќе се зголемуваат, вели Андоновиќ, и во прерсет на закажаните избори во Србија во април, каде сите политички субјекти максимално ќе ја искористат темата Косово за добивање на политички поени и освојување на власта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот