Андоновиќ: Србија ја укинува вонредната состојба и оди на избори, Трамп најавува казни за Кина

Фото: EPA / Molly Riley

Власта и опозицијата во Србија се договорија парламентарните и локалните избори да се одржат на 21 јуни, речиси два месеци подоцна од првично предвидениот термин.

На 21 јуни во Србија ќе се одржат парламентарните и локални избори што беа првично закажани за 26 април, две седмици по парламентарните избори што требаше да се одржат во нашата држава на 12 април, но беа одложени поради кризата со коронавирусот.

Одлуката за новиот изборен датум, е донесена на состанок на српскиот претседател Александар Вучиќ со претставници на политичките партии.

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека утре ќе биде укината вонредната состојба во земјата која беше на сила од март годинава. Тој посочи дека ќе се почека почека мислењето на лекарите, епидемиолозите и другите здравствени експерти, така што од здравствената состојба на нацијата и нивото на епидемија зависи дали ќе бидат дозволени предизборни собири. После ова тешко време што го поминавме, ќе се обидеме да обезбедиме демократска атмосфера, изјави српскиот претседател.

Вучиќ, изјави дека повеќе би сакал да поднесе оставка отколку да се согласи да формира техничка влада под притисок однадвор, нагласувајќи дека на власт се доаѓа исклучиво со добивање мнозинство на избори.

Во меѓувреме четвртина милион луѓе во светот досега починале од коронавирусот. Поголемиот дел од новите смртни случаи и зарази пријавени во последниве денови доаѓаат од Северна Америка и европските земји, но бројот се зголемува и во помали бази во Латинска Америка, Африка и Русија,

На глобално ниво, во изминатите 24 часа регистрирани се 3.062 нови смртни случаи и 61.923 новозаразени, со што вкупниот број достигна 3,58 милиони.

Експертите изразија загриженост дека достапните податоци го намалуваат вистинското влијание на пандемијата.

Во меѓувреме американскиот претседател Доналд Трамп го повтори обвинувањето дека Кина стои зад ширењето на коронавирусот и дека е директно одговорна за предизвикување на пандемијата. Трамп изјави дека САД имаат докази и дека, поради големите човечки жртви и големата штета врз светската економија бара од Кина 100 милијарди долари одштета за штетите врз американската економија.

Како една од мерките, Трамп најавува дека САД нема да и ги врати долговите на Кина , а како дополнителна казна за нејзиното неодговорно однесување би можело да бидат дополнително подигнати царините за увз на кинеските производи во САД

Заканите на Трамп доаѓаат во момент кога според западните медиуми, американските разузнавачи изготвиле досие во кое се тврди дека вирусот потекнува од институтот во Вухан, како и сознанијата дека и претходниот вирус САРС исто така потрекнува од оваа лабораторија.

Се смета дека грубата игра, и заканите на Трамп кон Пекинг се резултат на проценките на неговиот советнички тим за претседателската кампања кои сметаат дека играњето на анти-кинеската карта ќе му донесе зголемување на рејтингот и победа на претседателските избори закажани за 3 ноември.

Дополнително затегнување на американско кинеските односи доаѓа и од министерот за одбрана кој јавно соопшти дека САД се соочуваат со сочуваат со закани од Кина и Русија независно од пандемијата со новиот коронавирус.

Според американскиот министер за одбрана Марк Еспер, главната кинеска закана е нејзиното засилување на воените активности во Јужно Кинеско Море, додека пак Русија продолжува со разузнавачки летови во воздушно пространство долж северната граница на САД на брегот на Алјаска, Исто така, Вашингтон според Еспер има докази за вмешаност на Кина и Русија во групирањето на милитантите во Ирак, терористите се активни од Африка до Блискиот Исток и Авганистан.

Тој овие акции на Кина и Русија ги нарече дрски и посочи дека САД се подготвени да се спротистават на заканите од Кина и од Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот