Андоновиќ: Пратеникот на Трамп, Гренел контра специјалниот претставник на САД Палмер за иднината на Косово

Специјалниот пратеник на Трамп за Косово и актуелен амбасадор во Берлин, Ричард Гренел ќе биде назначен за директор на Националната разузнавачка служба на САД. Оваа служба опфаќа 17 воени и цивилни разузнавачки агенции меѓу кои ЦИА и ФБИ.

Гренел доаѓа на местото на досегашниот директор, Џо Мегваер кој во изминатиот период беше критикуван токму од Трамп за неговата работа. Самиот Трамп вчера изјави дека веќе го назначил Гренел на оваа позиција што се отвори и прашањето и кој би го наследил Гренел на амбасадорското место во Берлин, но и пред се на неговата улога во надминување на несогласувања и ставањето на преговарачка маса на претставниците на Белград и Приштина околу идниот косовски статус, анализира новинарот Дејан Андоновиќ за Утрински брифинг на „Слободна ТВ“.

Успехот на Гренел во неговата посредничка мисија е формирањето на косовската влада на Албин Курти која четири месеци по изборите немаше да биде формирана доколку токму тој не се ангажираше и на некој начин ги принуди коалиционите партнери да ги надминат несогласувањата и да ја подржат новата влада во Приштина.

Следниот чекор на Гренел беше и разубедувањето на Белград и Приштина да останат на цврстите позиции и веќе се најавуваше дека по година и пол застој двете страни повторно ќе седнат на преговори и договори околу идните односи меѓу двете независни држави.

Она што сега останува енигма е и вчерашното негирање на најавите на еден друг американски специјален пратеник за Западен Балкан, Метју Палмер кој изјави дека решението за размена на територии меѓу Србија и Косово е се уште на маса, така повторно афирмирајќи го стариот американски ллан како Вашингтон го гледа идното редефинирање на односите на Србија со својата поранешна покраина.

За потсетување, Метју Палмер беше специјален претставник за Западен Балкан на САД и прв пратеник на Вашингтон да посредува во закочените односи меѓу Белград и Приштина. Експресно брзо беше заменет со американскиот амбасадор во Берлин, Ричард Гренел откако на Трамп не му се допаднаа изјавите на Метју Палмер дека границите на Западниот Балкан треба да имаат одредено редефинирање.

Сега Белград и Приштина ќе чекаат да видат кој ќе биде новиот специјален пратеник на американскиот претседател за посредување во преговорите, бидејќи е познато дека Гренел најверојатно ќе остане на амбасадорската функција, но сигурно ќе ја напушти посредничката функција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот