Андоновиќ: Победата на Нетанјаху продолжување на десничарската политика и најава за поддршка на еврејското лоби за реизбор на Трамп

Две недели по изборите Нетанјаху би требало да се појави пред ерусалимскиот суд поради обвинувањата за корупција, што изгледа не ги одвраќа неговите поддржувачи да гласаат за него.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху прогласи победа над својот политички ривал поранешниот началник на израелскиот Генералштаб, Бени Ганц, по вчерашните парламентарни избори во земјата, трети за помалку од една година. Овие избори беа организирани во екот на најголемата политичка криза во Израел во историјата на еврејската држава.

Нетанјаху веќе разговарал со сите десничарски партии и се договорил за формирање силна национална влада што е можно поскоро.

Две недели по изборите Нетанјаху би требало да се појави пред ерусалимскиот суд поради обвинувањата за корупција, што изгледа не ги одвраќа неговите поддржувачи да гласаат за него.

Нетанјаху се соочува со голем притисок и од неговата десничарска и верска база бидејќи лидерите на четири еврејски населби го притискаат премиерот да ги припои нелегалните населби на Западниот брег и во Јорданската долина што побрзо, со очигледно зелено светло на САД, анализира новинарот Дејан Андоновиќ во Утрински брифинг на „Слободна ТВ“.

А во САД Демократите во рамките на денешниот „супер вторник”- ќе се бираат делегати кои ќе одлучуваат за претседателски кандидат

Предизборите на Демократската партија влегуваат во важна фаза, бидејќи со гласање во серија сојузни американски држави ќе бидат избрани третина од делегатите кои подоцна ќе одлучуваат кој ќе влезе во трката за претседател на САД.

Во трката за кандидат на демократите кој ќе се спротивстави на претседателот на САД Доналд Трамп на изборите на 3 ноември, останаа четири  политичари, поранешниот потпретседател на САД, Џозеф Бајден , сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс , милијардерот Мајк Блумберг (78), сенаторките од Масечутес и Минесота, Елизабет Ворен (70) и конгресменката Талси Габард (38).

По убедливата победа на Бајден на изборите во Јужна Каролина во саботата, од трката ненадејно се повлече поранешниот градоначалник на Саут Бенд, Пит Бутиџиџ , а вчера и Еми Клобучар, кои најавија дека ќе го подржат Бајден во освојување на претседателската номинација. И Бутиџиџ и Клобучар се откажаа од трката за освојување на кандидатската номинација по големата победа која Џо Бајден ја освои на изборите во Јужна Каролина.

Демократите денеска гласаат во 14 сојузни држави, Калифорнија, Јута, Колорадо, Оклахома, Тексас, Минесота, Арканзас, Тенеси, Алабама, Северна Каролина, Вирџинија, Масачусетс, Вермонт и Мејн и американската територија, Американска Самоа.

Значењето на „супер вторник” е во тоа што во овие 14 држави и една територија избираат 1.344 од 3.979 (34 отсто) делегати кои на Демократската национална конвенција од 13 до 16 јули во Милвоки, ќе одлучат за партиски кандидати за претседател и потпретседател на САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот