Андоновиќ: Коронавирусот, последица за конечната геостратешка пресметка меѓу Кина и Западот?

Бројката на заразени од коронавирусот во светот ја надмина бројката од милион и 600.000 а досега починаа 95.000 луѓе. Во фокусот на пандемијата и денеска се САД кои се приближуваат до бројката на половина милион заразени и 16.111 починати. Епицентарот на вирусот и натаму е Њујорк, каде 20 проценти од полицајците се вон служба заради вирусот.

Во Европа, зголемена бројка на заразени во Германија, каде за еден ден биле регистрирани 4.100 лица. Бројот на заразени со новиот коронавирус во Германија се зголеми на 112.348 лица и 2.292 смртни случаи од коронавирусот.

Што се однесува до Кина, таа и денеска пријави мала бројка на нови случаи, сите кои допатувале од странство. Кинеските медицински власти повтроно предупредија од појавата на асимптомски преносители на инфекцијата, кои би можеле да го предизвикаат вториот бран на епидемијата, бидејки веќе се укинати вонредните мерки во земјата.

САД продолжуваат да ја обвинуваат Кина дека го измамила светот односно дека можеби намерно дозволила епидемијата да се претвори во пандемија. Неколкумина пензионирани генерали на американската армија изјавија дека Кина била, и се уште е целосно нечесна во поглед на коронавирусот од Вухан.

Воените експерти се сомневаат дека со пандемијата Кина сака да стекне геостратешка предност во однос на западот пред се на САД и така да го наметне своето глобално геостратешко и економско влијание.

Се повеќе аналитичари сметаат дека е дојдено времето за цивилизациски судир меѓу Кина и Западот. Повеќе не е во прашање економската глобализација во која има и „победници“, како и „губитници“ – велат експертите – туку во полн ек е борбата на Кина за остварување на технолошка, безбедносна и идеолошка доминација над Америка и нејзините западни партнери.

Како доказ за ова се настаните околу Јужното кинеско море, реон полн со нафта и гас, кој се наоѓа во недефинираните територијални води. Кина подолго време трупа воени сили и се обидува овој реон да го стави под свој суверенитет. Во обид да го оневозможи Пекинг во својата намера, САД ја распоредија борбената група на носачот на авиони  „Теодор Рузвелт”. Сепак носачот беше итно повлечен поради појавата на коронавирусот во екипажот каде беа заразени 170 морнари, а вкупно 2000 од 4000 екипаж беше испратен на тестирање.

Поради оваа афера, дојде до оставки во американската воена морнарица, меќу кои оставка даде и секретарот на морнарицата на САД.

Токму судирот Кина САД го одолговлече и состанокот на Советот за безбедност на ОН, кој беше критикуван дека не може да се состане, и покрај актуелната здравствена криза во светот. Тие сепак вчера успеаа да се состанат и да заклучат дека пандемијата на коронавирусот се заканува на меѓународниот мир и безбедност и потенцијално води кон зголемување на социјалните немири и насилства, што во голема мерка може да ја загрози можноста за борба против болеста.

Останува да се види дали преставниците на САД ќе ја протуркаат намерата да издејствуваат јавна осуда кон Кина и дека таа намерно го пуштила вирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот