Андоновиќ: Геостратешки преместувања – Лукашенко се враќа во скутот на Путин, Ердоган кон САД

Фото: EPA/TATYANA ZENKOVICH

Руското Министерство за надворешни работи изрази разочарување од одлуката на Европската унија да воведе санкции за руските функционери одговорни за третманот на затворениот опозициски лидер Алексеј Навални и неговите приврзаници.

„Одлуката е усвоена од Советот за надворешни работи под измислен изговор со цел да се подготват нови незаконски и еднострани санкции против руски граѓани“, се вели во соопштението на Министерството.

Министрите за надворешни работи на ЕУ вчера одлучија да воведат нови, насочени санкции против руски официјални лица одговорни за постапките против Навални.

Санкциите кон Русија беа најавени пред неколку дена за време на Минхенската безбедносна конференција на земјите од Г7 кога преставниците на најголемите европски држави и САД најавија дека ќе ги спречат настојувањата на Русија да се презема иницијатива за наметнување на свое влијание. САД, Франција Британија и Германија обвинуваат дека Москва води агресивна политика и преку употреба на закана со сила принудуваат одредени држави да го примнат руското влијание.

Американскиот престедател Џозеф Бајден упати и критика до Москва дека таа ги крши човековите права во случајот со затворската казна на опозицонерот Навални, како и дека не и дозволува на Украина да се интегрира кон НАТО и западот.

Оттаму Вашингтон и ЕУ со заеднички напори плкнираат да ја казнат Русија поради , како што се наведува ваквото нејзино однесување.

Во меѓувреме рускиот претседател Путин , како контра-одговор започна со затоплување на односите со својот сојузник белорускиот претседател Александар Лукашенко, со кого изминатиов период имаше заладување на односите. Путин и Лукашенко, кои се соочуваат со европски санкции и кои изминатиов период се соочуваа со големи протести на улиците, имаа 6 часовна средба на која ги потврдија своите заеднички заложби за заедничко градење на иднината на двете држави и соработка на полето на економијата, одбраната и надворешната политика. Се смета дека Путин и Лукашенко планираат заеднички да се спротистават на евентуалната западна доминација кон поранешните советски републики

Од друга страна турскиот престедател Реџеп Таип Ердоган започна со приближување на релациите со Западот, по неколку годишните разединувања и сојузништво со Путин.

Ердоган кој со САД ги наруши односите поради неуспешниот државен удар за кој тој лично сметаше дека бил планиран во Вашингтон, сега се обидува да го возообнови стратешкото сојузништво со Вашингтон и пред се со своите сојузници од НАТО алијансата. Засега не е позната каква е реакцијата на Москва и пред се претседателот Путин кој со Ердоган изминативе години, додека во Белата куќа беше администрацијата на Трамп, беше во блиски односи.

Што се смени во односите меѓу Путин и Ердоган со доаѓањето на Бајден на претседателската функција допрва ке се види.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот