Андоновиќ: Епидемија или пандемија? Коронавирусот мотив за креирање лажни вести
Ова пред сè се однесува до сите оние медиуми кои треба да покажат одговорност и во јавноста да пласираат добро проверени информации, базирани врз исзјави на официјални претставници на здравствените служби , смета Андоновиќ.
Бројот за заболи од корнавирусот во Италија го подигна алармот пред сè на државите на регионот и меѓу кои и Македонија, Словенија Цнра Гора и Хравтска, косово, веќе најавија преземање на мерки на дополнителна превенција за сузбивање на коронаворусот. Србија веќе воведе прпораки да се укинат најавените школски ексурзии, како и студентски тури во Италија, па се очекува слични мерки да воведат и останатите балкански држави, анализира во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, новинарот Дејан Андоновиќ.
-Италија е земја со најголем број за заразени лица вон Азискиот контитент, бројката од 220 заразени и седум починати предизвика вистинска паника. Поради тоа во Рим денеска ќе се одржи состанок на министрите за здравство на Италија, Словенија, Австрија, Германија, Франција и Швајцарија посветен на сузбивање на новиот коронавирус. Канцеларот на Австрија, Себастијан Курц претходно најави мерки на превенција, меѓу кои и предупредување за граѓаните да не патуваат во соседна Италија. Додека хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека Хрватска е подготвена за сите мерки што треба да ги преземе за да го превенира ширењето на новиот коронавирус, вклучително и координација на активностите со италијанската Влада. Во меѓувреме премиерот на Словенија, Марјан Шарец изјави дека е подготвен и да ги затвори границите доколку се зголеми ризикот од новиот коронавирус- вели Андооновиќ.
Што се днесува до земјите од светот во Кина е забележан пад на бројката на заразени, а оптимизам влева и најавената вакцина, која се очекува да биде пуштена во оптек кон крајот на април. Од другите земји Јужна Кореја и Иран се засега лидери, каде после Кина има најголем број на регистирани случаи од заболени со коронаворусот.
Најновите податоци велат дека во светски размери конораворусот е потврден кај 79.524 лица, од нив 2.626 се починати, а 25. 157 се излекувани. СЗО сè уште размислува дали оваа епидемија да ја прогласи во пандемија.
-Во секој случај што и да одлучат здравствените власти, треба да се сузбие ширењето на паника и лажните вести, кои изминативе денови се појавија со цел да се направи дополнителка паника кај населението. Ова пред сè се однесува до сите оние медиуми кои треба да покажат одговорност и во јавноста да пласираат добро проверени информации, базирани врз исзјави на официјални претставници на здравствените служби , смета Андоновиќ.