Андоновиќ: Бројот на заразени лица во светот поголем од бројката на заболени во Кина

Потврдени се повеќе од 81.000 случаи на новиот коронавирус во 40 земји во светот, а Светската здравствена организација (СЗО) објави дека за првпат од избувнувањето на епидемијата, бројот на заразени лица надвор од Кина во еден ден го надмина бројот на заразени во Кина.

Според дневниот извештај на СЗО, Кина објавила 412 нови случаи, со 459 пријавени надвор од Кина.
Најголем број заразени лица во Кина се во провинцијата Хубеи, каде до синоќа беа пријавени 401 нови случаи. Пријавени се шест случаи надвор од континентална Кина, од кои четири се во Хонг Конг.

Што се однесува до Европа, Италија и натаму е земја со најголем број на заразени на европскиот континент со околу 447 случаи. Германија и Франција соопштија дека регистрирале по еден заболен во своите држави.

На Балканот каде има повеќе од 40 милиони жители досега се регистрирани пет заразени со новиот коронавирус (Ковид-19).  Нема починати од тој вирус. Тројца се заразени во Хрватска, еден во Грција и еден во нашата држава. Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија и Албанија засега немаат регистрирано заболени од коронавирусот, а Црна Гора иако не потврдила сепак 184 лица се наоѓаат под набљудување за евентуално заболување.

Откриени се седум нови случаи на вирусна корона во Бахреин, што го зголеми бројот на заразени во земјата на 33, соопшти Министерството за здравство. Летовите до и од меѓународниот аеродром во Дубаи се прекинати за следните 48 часа, соопшти националната агенција за авијација Цивилно воздухопловство.

Емирот на Катар, Шеик Тамим бин Хамад ал-Тани, нареди евакуација на државјаните од Катар и Кувајт од Иран, поради ширењето на коронавирусот.

Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека Иран нема планови за карантин „градовите и окрузите” како одговор на епидемијата во земјата, во која досега живот загубија 19 лица додека 139 се заразени.

Ирак ги забрани сите јавни собири и влез во земјата за патници од Кувајт и Бахреин поради страв од ширење на вирусот со што се зголеми бројот на земји од кои е забрането влегувањето во Ирак на девет, изјави министерот за здравство на земјата.

Интересен е податокот дека САД засега немаат регистрирано заболен од коронавирус. На конференцијата посветена на епидемијата на корона вирусот Трамп оцени дека САД се подготвени да преземат се да го оневозможат проширувањето на вирусот.

Тој изјави и дека е задоволен од висината на средствата кои Конгресот ги издвоил за борба со корона вирусот.

Американскиот претседател додаде и дека го задолжил потпретседателот Мајк Пенс да ги предводи активностите за сузбивање на коронавирусот, истакнувајки дека САД се многу подготвени за било која состојба врзана за новиот вирус.

Покрај САД засега не доаѓаат информации за заболени од американскиот континент освен еден случај регистриран во Бразил, што земајќи го бројот на жители кои живеат преку Антлантикот е речиси незабележлив. Ова само покажува дека коронавирусот барем засега е азиски и европски проблем, но не и американски, анализира новинарот Дејан Андоновиќ на Утрински брифинг за „Слободна ТВ“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот