Андонова стрелаше за победа над Реал Сосиедад

фото: facebook.com/LUDFemenino

Денеска составот на Леванте со минимален резултат 1:0 триумфираше на домашен терен против Реал Сосиедад во 22 коло од најсилната женска фудбалска лига во Шпанија.

Наташа Андонова која го одигра скоро целиот меч за домашната екипа, го постигна единствениот гол на средбата во 60 минута.

За македонската фудбалерка ова е трет погодок сезонава, претходно стрелаше против Атлетик Клуб и Рајо Ваљекано.

За Леванте ова е деветта победа и моментно е на седмата позиција со 29 бодови, а Реал Сосиедад е второпласиран (44) далеку зад водечката Барселона (66).

Во следното коло на 6 март Андонова и Леванте ќе се соочат против Виљареал на гостински терен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот