Андонова потпиша нов договор со Леванте

фото: твитер

Македонката ќе остане во шпанската екипа до јуни 2021 година, со опција да продолжи уште една сезона.

Денеска официјално од шпанскиот женски клуб потврдија дека е продолжена соработката со една од најдобрите македонски фудбалерки.

Наташа Андонова потпиша нов договор кој ќе трае до јуни 2021 година, со опција за продолжување на истиот на уште една сезона.

Минатото лето дојде во клубот од Валенсија од Барселона, а на клупски план беше дел уште од ПСЖ, Розенгард, првиот и вториот тим на Турбине Потсдам, Борец Велес и Тиквешанка.

Сезонава во најсилното шпанско првенство за Леванте запиша осум натпревари, без реализиран погодок.

Поради пандемијата на коронавирус, предвреме заврши оваа сезона, нејзиниот поранешен клуб Барселона беше промовиран во шампион, на второто место заврши Атлетико Мадрид, а на третата Леванте.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот