Андонова: Оваа ситуација негативно влијае на сите нас – Мора да се издржи, за нашето и здравјето на нашите најблиски

-Шпанија е едно од најголемите светски жаришта. Тренинзите се прават преку интернет видео врска. Целиот тим е вклучен преку новите технологии, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ директно од Шпанија, фудбалерката на Барселона, Наташа Андонова.

Здравствената криза влијае апсолутно на сите сфери, а спортот не е исклучок.

-Оваа ситуација со пандемијата негативно влијае на сите нас, но со тек на време се сфати дека треба да се почитуваат мерките и тоа вродува со плод. Сигурно ќе влијае и на спортот, како на клубски така и на репрезентативен план, но најбитно е здравјето. Имам контакт со сите колеги каде што сум играла. Во секоја држава е различно – во Шведска тренираат нормално, во САД и Холандија може да се излегува, но се препорачува да се внимава. Кај нас во Македонија како да паѓаат во депресија луѓето, но како што реков треба да се издржи, сепак се работи за нашето и здравјето на нашите најблиски, вели Андонова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот