Андонов: Во февруари сме произвеле 80 проценти повеќе струја во однос на пред една година

Виктор Андонов - советник во влада за енергетика / Фото: Слободен печат

Оптимистички податоци сподели Виктор Андонов, советник за енергетика во Владата. Тој рече дека во февруари производството на струја од државните капацитети е за 80 проценти поголемо отколку во ланскиот февруари, а ако се споредат првите два месеци од годинава со истиот период лани зголемувањето е 50 проценти.

– Во февруари од ЕСМ и од ТЕЦ „Неготино“ се произведени 504.338 мегават-часа електрична енергија, а во истиот месец во 2022 се произведени 280.353 мегават-часа, што значи дека сегашното производство е 80 проценти поголемо. Во јануари и февруари ЕСМ и ТЕЦ „Неготино“ произвеле 1.065.689 мегават-часа електрична енергија, а лани во овој период се произведени 714.362 мегават-часа, или сега имаме раст за околу 50 проценти. Зголеменото домашно производство е во постојан тренд на раст и е клучно за ублажување на последиците од економската криза, како и за креирање на мерки за ранливите категории на граѓани – рече Андонов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот