Анџелина Џоли има сериозна здравствена криза? Светските медиуми пишуваат за актерката, причината е тажна, а асистентките се во паника!

Актерката Анџелина Џоли има сериозна здравствена криза, а како што наведува таблоидот New Weekly!, таа на почетокот на годината доживеала нервен слом.

– Анџелина едвај може да стои на нозе. Кога ќе стане веднаш и се слошува. Константно чувствува вртоглавици. Нејзините асистентки ретко ја пуштаат сама било каде бидејќи се плашат дека славната актерка наеднаш ќе падне на подот, открива весникот New Weekly!, од каде додаваат дека одамна Анџелина не е забележана да јаде нешто.

Како причина за таквата состојба на славната актерка се наведува средбата со Бред Пит и Џенифер Анистон на доделувањето на SAG наградите, како и нивното наводно смирување. Дека Анџелина паднала во тешка психичка состојба говори и податокот дека непосредно по средбата на Бред и Џенифер ја повикала на телефон колешката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот