Анџелина Џоли повторно „поразена“ во бракоразводната „војна“ со Бред Пит

Profimedia
Фото: Профимедиа

На Анџелина Џоли ѝ беше одбиен предлогот за дисквалификација на судијата Џон В. Одеркирк, кој веќе четири години ја води постапката за нејзиниот развод со Бред Пит.

Instagram
Instagram

Станува збор за судија кој, меѓу другото, бил и приватно близок со адвокатскиот тим на Бред Пит, па затоа актерката инсистирала овој случај да го води друг судија. Сепак, се чини дека Џоли ќе мора да се „помири“ со фактот дека овој судја кој досега го водеше случајот, нема да биде заменет со друг, пренесува „Vanity Fair“.

Според адвокатот кој е експерт за разводи, Кристин Пирвајт, барањето на Анџелина да го смени судијата ѝ нанело повеќе штета отколку корист.

Секогаш кога една од страните во бракоразводната парница ќе побара друг судија, особено кога парницата веќе започнала, тоа е често затоа што тој или таа не постигнува поволен исход од одлуките на моменталниот судија, и се обидува да постигне поповолен исход со нов судија. Покрај тоа, причината за промена на судијата може да биде затоа што судијата има репутација во пристапот кон случаи што не се поволни за нивната позиција“, објаснува Привајт.

Instagram
Instagram

Во одбиеното барање на актерката, било наведено дека нејзиниот обид да го отстрани судијата е „ненавремен“, со оглед на тоа дека Џоли знаела за неговото назначување веќе повеќе од две години.

Актерката на 7 август го поднела барањето тврдејќи дека Удеркик не успевал да ги изврши навремено задолжителното обелоденување на тековните и професионалните односи меѓу себе и адвокатите на Пит.

Instagram
Instagram

Адвокатскиот тим на Пит неколку дена подоцна тврдеше дека овој потег е само обид на Џоли да ја одложи пресудата за долгоочекуваните прашања за старателството.

Џоли поднесе барање за развод уште во 2016 година. Бред и Анџелина имаат шест деца, синовите Медокс (19), Пакс (16) и Нокс (12) како и ќерките Захара (15), Шило (14) и Вивиен (12).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот