Анџелина Џоли после долго време забележана на прошетка: Лежерниот стајлинг кој го одобрија и критичарите! (ФОТО)

инстаграм

Прекрасната актерка Анџелина Џоли беше забележана со својата ќерка Вивиен како оди во шопинг. Тие две се одлучиле за лежерен стајлинг. Анџелина избрала крем боја фустан и апостолки кои очигледно набрзина ги избрала за да излезе од куќата, додека Вивиен носела сина маица и тексас панталони.

профимедиа

Двете носеле маски, следејќи ја вонредната ситуација во светот. Потсетуваме дека Џоли конечно во медиумите проговори за вистинската причина за разводот од актерот Бред Пит.

„Се разделив заради доброто на своето семејство. Тоа беше правилна одлука“, признала Анџелина Џоли и додала:

профимедиа

„И понатака се фокусирам на нивното исцелување. Некои го искористија моето молчење и децата гледаат лаги за себе во медиумите, но постојано ги потсетувам да ја знаат својата вистина и сопствените умови. Всушност, тие се шест многу храбри и силни млади луѓе“, рекла таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот