Анџелина Џоли подготвува одмазда за Џенифер Анистон: Славните ѕевзди ќе се соочат на суд!

Фото: Профимедиа

Познатото актерско три, Анџелина Џоли – Бред Пит – Џенифер Анистон, не престанува да ги полни насловните страници во таболидите ширум светот, а деталите за нивниот меѓусебен однос „испливаа“ на површина.

Иако медиумите со месеци пишуваат за обновената љубов на 51-годишната Џенифер и 56-годишниот актер Бред Пит, се чини дека во текот на целата приказна, 44-годишната Анџелина го извлече „подебелиот крај“, која сега со сите свои сили сака да го „загорчи“ нивниот однос.

Поточно, таа и Бред долго време се расправаат околу старателството над нивните шест деца, а сега Џоли ќе бара примарно старателство над 13-годишната Шајло, 18-годишниот Мадокс, 11-годишната Нокс, 14-годишната Захара, 15-годишниот Пакс и 11-годишната Вивиен.

Овојпат Анџелина ќе отиде и чекор подалеку,  со тоа што таа нема да ја поштеди ниту Џенифер Анистон, со која исто така ќе се соочи на суд.

Медиумите ширум светот соопштија дека Анџелина е добро подготвена за претстојното рочиште, каде планира како аргумент против Бред да го искористи фактот дека ги запознал нивните три најмали деца со неговата поранешна сопруга Џенифер.

Причината за ова, како што открива неименуван извор, е нејзиното незадоволство и огорченост од нивното повторно зближување, преку кое таа едноставно не може да премине.

„Анџелина е огорчена и вели дека Бред и Џенифер ќе платат за тоа“, открива неименуван извор за американските медиуми, додавајќи дека Џенифер ќе се појави на судот, каде ќе одговара на вкрстено испитување, во кое ќе учествуваи Анџелина Џоли.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот