Анџелина Џоли ја продаде сликата на Черчил која ѝ ја подарил Бред Пит

анџелина џоли бред пит вино
Анџелина Џоли и Бред Пит/Фото: EPA-EFE

Слика на поранешниот британскиот премиер Винстон Черчил кој ја насликал за време на Втората светска војна, која до неодамна беше во сопственост на Анџелина Џоли е продадена за 7 милиони фунти на аукција во Лондон, пренесува „Би-Би-Си“.

Продажната цена била скоро четири пати поголема од најголемата проценка во претпродажба и го надмина претходниот рекорд за слика на Черчил, што беше нешто помалку од 1,8 милиони фунти.

Сликата „Кулата на џамијата Кутубија“, е пејзаж насликан во Мароко за време на Втората светска војна. Ова уметничко дело е создадено по конференцијата во Казабланка во 1943 година каде што Черчил и тогашниот американски претседател Френклин Рузвелт планирале напад врз нацистичка Германија. Потоа Черчил му ја подарил сликата на Рузвелт.

EPA-EFE
EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Делото на крајот се најде во рацете на актерката Анџелина Џоли откако Бред Пит ја купи сликата во Њју Орлеанс во 2011 година и ѝ ја подари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот