Анџелина Џоли и Бред Пит конечно постигнаа договор за образованието на децата: Се одлучија за „традиционален начин“

Profimedia

Поранешниот најпопуларен пар во Холивуд, актерите Бред Пит и Анџелина Џоли, се договорија нивните деца образованието да го продолжат на традиционален начин.

Тригодишната борба помеѓу Бред и Анџелина отиде еден чекор понаред, бидејќи конечно најдоа решение како да ги едуцираат своите деца.

Разводот на холивудските актери е една година подолг отколку нивниот брак, а сега конечно направија еден напредок во нивниот однос.

Бред сега ги пополни документите во Лос Анџелес и го извести судијата кој го води случајот дека тој и Анџелина конечно имаат договор за образованието на децата.

Највозрасниот син Мадокс (18) се наоѓа на колеџ во Јужна Кореја, па одлуката за традиционален начин на образование ќе се однесува на неговите помлади браќа и сестри.

Додека беа заедно, децата на славниот пар ги подучуваа дадилки и приватни професори, бидејќи тие беа премногу зафатени со актерството.

По ова, Бред и Анџелина сега имаат две решени прашања по разводот, а тоа се старателството и едукацијата на децата, но и натаму останува отворен проблемот за делот со финансиите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот