Анџелина Џоли е чекор поблиску до олтарот!
Тројката Анџелина Џоли – Бред Пит – Џенифер Анистон, како и сите детали од нивните животи, не престануваат да ја интригираат јавноста. Откако во последно време повеќе внимание привлекуваа Бред и неговата поранешна сопруга, Џенифер Анистон, и нивната љубов која според пишувањата на странските медиуми е повеќе од очигледно дека не е згасната, Анџелина остана во втор план. Додека многумина очекуваа свадбени ѕвона помеѓу Бред и Џенифер, изгледа дека за Анџелина тие попрво ќе ги стигнат. Всушност, според пишувањето на таблоидот „Life&Style“, 44-годишната актерка наскоро ќе се венча.
Овој медиум тврди дека Анџелина и нејзиниот нов партнер, кој е милијардер, и сè уште не се открива неговиот идентитет, планираат да стапат во брак наскоро, во Франција.
„Планираат да отидат наеднаш, за да ја имаат приватноста која им е потребна“, открил изворот.
Изворот додал дека Анџелина планира после разменувањето на заветите, трајно да се пресели во Франција.
„Тие се навистина среќни и се обидуваат да поминуваат повеќе време заедно“, додал изворот.